fbpx

Скината одводна цевка го блокираше центарот на Скопје

-

Полициски возила и денеска ја блокираа улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности во центарот за Скопје, спроти Министерството за надворешни работи, поради скината главна цевка од канализациската мрежа, пренесува „24 Вести“.

Според работници на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како што пренесува телевизијата, проблемот настанал поради тоа што инвеститорот, кој гради во близина, копајќи вчеравечер ја скинал цевката од главната фекална канализација, по што ископот за новиот објект се полни со фекалии.

На дел од телевизиските екипи денеска грубо им беше забрането да снимаат на местото, бидејќи станувало збор за приватен имот, иако околу објектот што се гради нема поставено табла за инвеститорот и за изведувачот.

Градежен инспектор на Општина Ценатр ја запрел градбата на објектот, а ќе се бара и ќе се испитува дали инвеститорот има елаборат за заштита на градежната јама. Според Општината, како што пренесува „24 Вести“, инвеститор на објектот е „Волис Проперт“, изведувач е фирмата „Рапид билд“, а надзор на објектот има „Поинт дизајн“.

Во ископот, поради големото количество вода, има потопен багер, а се забележува и големо свлечиште кое може да предизвика уривање на зградата на Факулетот за драмски уметности, која нема потпорен ѕид. Поради тоа на улицата не е дозволен пристап на возила и единствено можат да се забележат камиони на ЈП „Водовод и канализација“ кои ја испумпуваат водата, но и цевки кои го празнат ископот и фекалиите ги исфрлаат на кејот на реката Вардар, пренесува телевизијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...