fbpx

Рашковски нема да поднесе оставка и ќе тужи повеќе лица за клевета

-

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир“, „Инфомакс“ и „Лидер“.

Рашковски, на прес-конференција ги објасни деталите околу случајот во „М-НАВ“, кој беше обелоденет по објавена снимка во која се слуша неговиот глас и на уште двајца државни функционери, за наводно местење тендер за италијанска фирма.

Според него, несериозно е да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.

Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо“, како што посочи Рашковски, е потпишан од страна на менаџментот поставен од минатата власт, односно од Живко Попоски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Рашковски рече дека не планира да си поднесе оставка од функцијата.

„Кога ќе стигне официјална пресуда од страна на судските органи, во кривичната постапка тогаш да седнеме и повторно да разговараме“, рече Рашковски, одговарајќи на новинарско прашање дали има намера да поднесе оставка по објавениот разговор.

Тој информираште дека е разрешен поранешниот директор на техника во „М-НАВ“ Климент Чепуњовски поради одредени пропусти во работењето и загрозување на безбедноста на македонското небо.

– Причината поради која е сменет Климент е дека постоеле одредени пропусти, но јавноста може да биде смирена бидејќи сите тие пропусти се надминати – истакна Рашковски.

За случајот со радарите кои останале без сигнал во септември било разговарано на затворена владина седница, но информациите се класифицирани бидејќи станува збор за доказна постапка во Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...