fbpx

Грчки сајт најде 200.000 хомосексуалци во земјава

-

Грчкиот сајт „Валканико Перископо“, кој објавува различни вести од Балканот, но и за САД, Блискиот Исток, Русија, Ерменија и дури и Либија, два дена по одржување на првата Парада на гордоста во Скопје, објави вест, повикувајќи се на македонски сајт во кој тврди дека дури 200.000 лица во Македонија се хомосексуалци.

Бројката што ја наведуваат и овој грчки онлајн медиум, како и споменатиот македонски, како и уште најмалку два други сајтови на македонски јазик, е навистина огромна – изнесува речиси двојно од населението на општина Куманово, според последниот попис спроведен во 2002 година, односно дека секој десетти жител на земјава (како што пишуваа медиумите на македонски) е ориентиран кон сопствениот пол.

Обидувајќи се да провериме која е таа анкета на која се повикуваат медиумите во последниве два дена најдовме неколку на агрегаторот „Дејли“, каде се цитирани делови од содржините од повеќе вести од 24 ноември 2010 година од кои се дознава дека анкетата ја спровела граѓанската организација „Хоризонт“, дека се спровела на интернет и дека учествувале 12.000 испитаници.

Сето тоа раѓа огромен сомнеж за точноста на податоците, бидејќи онлајн анкетите ниту еден експерт никогаш не ги зема сериозно, и тоа од повеќе причини – најчесто во нив учествуваат лица што се на некој начин посериозно поврзани со темата од анкетата, но најбитно: на онлајн анкети едно исто лице може да дава одговори и повеќе пати.

За разлика од ова, агенциите за истражување на јавно мислење, спроведуваат анкети со посебна метода и секогаш формираат статистички репрезентативен примерок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...