fbpx

Жителите од струшкото село Лабуништа се гушат во прашината на осумте каменоломи

-

Жителите од струшкото село Лабуништа се гушат во прашината на осумте каменоломи. Осум илјади жители на ова село секојдневно мака мачат со загадувањето од каменоломите кои се лоцирани во непосредна близина на самото село.

Уште пред повеќе од три години, беше формирана и локална комисија составена од советници во претходниот состав на Советот на Општина Струга и општински инспектори, која требаше да утврди што се случува на терен и да направи влијание на овие објекти за експлоатација врз животната средина, но истата никогаш не профукционира, а локалното население и три години потоа се уште ги трпи последиците.

„Не им беше доволно што уништија се останато, па ја уништија и природата и планините со изградби на каменоломи, и затоа денес стигнавме до оваа алармантна состојба. Седум од осум каменоломи се изградени со дозвола на поранешната власт во текот на нивниот четиригодишен мандат. Одговорноста треба да се бара кај тие што дадода согласност и дозвола за да денес сме во оваа состојба“, велат од одделението за односи со јавност при Општина Струга.

Од таму додаваат дека Општина Струга ќе ги спроведе сите можни законски постапки и процедури почитувајќи ги правата на жителите на село Лабуништа за чиста околина и на одговорните ќе им се бара одговорност за нивните постапки.

Еколозите велат дека дека тие никогаш нема да се откажат од борбата против каменоломите.

Според информациите на Министерството за економија на територијата на Општина Струга биле доделени вкупно 20 договори за концесии за експлоатација на минерални суровини, од кои сите поседувале дозвола за експлоатација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...