Photo by Mehrad Vosoughi on Unsplash

„Рамстор-Македонија“ е продаден за 39,2 милиони евра преку бугарска компанија-мајка на скопската градежна компанија „Сити Плаза“. Како што објави „Сињуз“, турскиот гигантски синџир на супермаркети „Мигрос“ ја известил берзата во Турција дека потпишал договор за продажба на својата компанија „Рамстор-Бугарија“, неактивна компанија, која е 99-отсто сопственик на Рамстор-Македонија, на градежната компанија „Сити Плаза“ од Скопје.

Договорот бил потпишан во вторникот, на 9 март, а зделката целосно ќе се реализира по добивањето дозвола за купопродажниот договор. Трансакцијата ќе биде завршена откако ќе добие правно одобрување, а приходите од зделката ќе бидат искористени за покривање на долговите на „Мигрос“.

„Рамстор-Македонија“ учествува со 1,2 отсто од консолидираниот промет на турски „Мигрос“ во 2020 година.