Жители на Волковија протестираа поради загадувањето на селските извори

-

Со мирен протест, жителите од тетовското село Волковија го искажаа своето незадоволство поради, како што рекоа, загадувањето на селските извори од кои се снабдуваат со вода за пиење.

Тие посочијa дека изворите се загадуваат поради градежни работи кои ги врши приватна фирма, ангажирана за изградба на воспитно-поправен дом, кој се гради во близина на изворите и во атарот на нивното село.

Според нив, фирмата врши нестручни ископи околу изворите за водоводниот систем на домот да се приклучи и да се снабдува со вода за пиење од селските извори.

– Деновиве почнаа да копаат околу изворите. Отворија пат и, како што гледате, тој пат се спушти до самите извори. Земјениот материјал од дупките кои ги ископаа, се спушта директно во изворите кои веќе се заматени, а и вреќи од цемент има тука. Ова од чист селски извор стана депонија – вели Русе Михајловски, жител на Волковија.

Жителите велат дека случајот го пријавиле во полиција и бараат негово целосно расветлување. Тие не се согласуваат водоводниот систем од воспитно-поправниот дом да се приклучи на селските извори, затоа што ќе се доведе во прашање снабдувањето со вода за пиење за селото.

Веќе неколку години мештаните од Волковија протестираат поради изградбата домот, кој, според нив, ќе доведе до појава на криминални дејства во нивното село, со оглед на тоа каква категорија на луѓе треба да престојуваат во оваа установа.

Домот сè уште се гради, а според најавите на надлежните, требаше да профункционира минатата година.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...