fbpx
Таг: примање поткуп

таг: примање поткуп

Обвинителство го гони државниот секретар во МИОА за примање поткуп при спроведување на ИПА-проект

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на „Еуроправда“ спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за „примање поткуп“ од страна на двајца државни службеници при...

ОЈО бара притвор за директорот на Клиниката за неврохирургија поради примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против директорот на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој се товари за примање поткуп. Како што соопштија од Обвинителството, јавниот обвинител до судот поднел барање на осомничениот да му биде одреден притвор од 30 дена. Од МВР претходно информираа дека директорот на клиниката бил уапсен...

Притворен полицаец осомничен за земање поткуп од стотина граѓани

Триесетдневен притвор му е одреден на полицаец кој пред два дена бил фатен како зема поткуп од возач за да не му напише казна за сторен сообраќаен прекршок. Полицаецот, како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контола на возила во Скопје и запрел автомобил поради три сообраќајни прекршоци. Тој на возачот...

Полицаец од Радовиш осомничен за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и за професионални стандарди поднел кривична пријава против С.М. (51), полициски службеник од полициската станица во Радовиш, осомничен за примање поткуп, информира МВР. Според полициските информации, кривичното дело за кое се сомничи, полицаецот го сторил ноќта меѓу 11 и 12 јануари оваа година, кога вршејќи контрола на булеварот Александар Македонски во Радовиш, заедно со...

Апелацискиот суд му даде условна казна на Дејан Ставриќ

Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по жалба за случајот со докторот Дејан Ставриќ, ја потврдил првостепената пресуда на Кривичниот суд против лекарот, но ја преиначил во делот на висината на казната. Наместо една година ефективен затвор, Апелацискиот суд сега на Ставриќ му изрекол условна казна од една година, пренесува порталот „Академик“. „Наместо една година казна затвор, на обвинетиот му досудена условна казна...

Судија од Охрид осомничен за примање поткуп

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 56-годишниот Р.С., судија во Основниот суд Охрид, поради постоење основан сомнеж дека примил поткуп. Според полициските информации, осомничениот судија, кој постапувал по граѓански предмет, на 25 јануари годинава од вработен во локална фирма, која била тужена странка во случајот, побарал и примил поткуп од 5.000 денари за да пресуди во корист...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...