fbpx

Полицаец од Радовиш осомничен за примање поткуп

-

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и за професионални стандарди поднел кривична пријава против С.М. (51), полициски службеник од полициската станица во Радовиш, осомничен за примање поткуп, информира МВР.

Според полициските информации, кривичното дело за кое се сомничи, полицаецот го сторил ноќта меѓу 11 и 12 јануари оваа година, кога вршејќи контрола на булеварот Александар Македонски во Радовиш, заедно со свој колега, забележал паркирано комби, управувано од лице, за кое С.М. знаел дека го управува лице што немало положено возачки испит. Кога возилото се придвижило, полицајците го запреле, а Ј.М., кој го управувал комбито, ги замолил да не му пишуваат пријава. Полицајците го пуштиле и не го евидентирале прекршокот.

По кратко време осомничениот полицаец повторно отишол на местото каде претходно ја извршиле контролата, а кога се вратил во службеното возило, како што информираат од МВР, на својот колега му рекол дека „сега има за еден ручек“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...