fbpx

Ердоган: Самоуправата е провокација и предавство

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини лидерот на прокурдската опозициска партија за „провокација и предавство“ затоа што ја поддржал самоуправата на Курдите на југоистокот на Турција.

Ердоган им се обрати на новинарите откако обвинителството во Анкара покрена истрага за лидерот на Народна демократска партија, Селахатин Демирташ, кој пред три дена побарал декларација за автономијата, која е објавена на крајот на дводневниот конгрес на курдската група. Ердоган рече дека Демирташ и другите ќе ја „научат лекцијата“ од народот и од законот.

Одвоени истраги се покренати за активностите на Демирташ и на другите курдски политичари во југоисточниот град Дијарбакир поради давање поддршка на декларацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.