fbpx

Продолжуваат дипломатските тензии меѓу Русија и Турција

-

Дипломатските несогласувања меѓу Русија и Турција продолжуваат поради соборувањето на рускиот авион. И двете страни не отстапуваат од своите ставови.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, рече дека претседателот Владимир Путин нема да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Самитот за климатските промени, сè додека Турција не се извини за уривањето на рускиот авион.

Истовремено во Брисел, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека ниту една земја на треба да се извинува поради тоа што го штити сопствениот воздушен простор.

Анкара и понатаму стои на тврдењата дека рускиот авион го повредил турскиот воздушен простор на 24 ноември и оти пилотот се оглушил на предупредувањата од турска страна.

Давутоглу, исто така, рече дека Москва треба да ги разгледа економските санкции што рускиот претседател Путин ги воведе на 28 ноември.

Главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата е загрижена поради зголеменото руско присуство во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...