fbpx

Ердоган бара поддршка од Европа во борбата против курдските сепаратисти

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон ги повика европските земји да ја поддржат кампањата на неговата влада против курдските сепаратисти, после нападот со автомобил во кој загинаа седум лица на југоистокот на Турција.

Неговиот говор пред Институтот „Брукингс“ е обележан со судири меѓу турските безбедносни служби и демонстрантите новинари.

– Не можеме тоа веќе да го толерираме. Се надевам дека европските и другите земји можат да го видат вистинското лице на тие напади – изјави турскиот претседател Ердоган кој во Вашингтон присуствува на самитот за нуклеарна безбедност, организиран од претседателот на САД, Барак Обама.

Седум турски полицајци се убиени а најмалку 27 се повредени во вчерашниот напад во Дијарбакир, најголемиот град на југоистокот на Турција, населен со претежно Курдско население. Нападите им се припишуваат на курдските сепаратисти.

Ердоган оцени дека цел свет мора да се обедини во борба против тероризмот, нагласувајќи дека Курдите се подеднакво опасни како и борците на Исламска држава.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека Обама и Ердоган имале ненајавена средба на маргините на самитот.

На средбата, како што стои во соопштението е разговарано за регионалната безбедност, борбата против тероризмот и новите стратегии против Исламска држава, како и за прашањето на миграцијата.
Претходно Белата куќа соопшти дека Обама нема да го прими Ердоган за време на неговиот престој во САД, што беше протолкувано како ново затегнување на односите меѓу сојузниците, кои и онака се тензични поради критиките кон Анкара за кршење на човековите права, слободата на медиумите и односот на Турција кон сириските Курди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...