fbpx

Путин го потпиша декретот за воведување економски санкции кон Турција

-

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го потпишал декретот за воведување економски санкции кон Турција, како одговор на соборувањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми.

Како што синоќа објавил Кремљ, санкциите предвидуваат забрана за ангажирање турски персонал во некои руски фирми, извоз на одредена стока, без да биде прецизирано каква. Исто така, на одредени турски фирми ќе им биде ограничено водењето бизнис во Русија, а од некои руски туристички агенции се бара да не продаваат аранжмани во Турција.

Забраните, исто така, се однесуваат и на чартер-летовите меѓу двете земји, а ќе бидат воведени и визни ограничувања.

Турскиот претсдател, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека жали за соборувањето на рускиот авион и изрази надеж дека таков инцидент нема да се повтори во иднина.

Од друга страна, Русија и понатаму ја обвинува Турција дека директно ја поддржува Исламска држава поради нафтени интереси.

„Да знаевме дека е руски авион, немаше да го собориме. Очигледно сме во криза, но сакам да истакнам дека сме две соседни земји и дека со години ги унапредуваме трговските односи и сакаме да ги држиме дипломатските и воените канали отворени – ја пренесува ХРТ изјавата на турскиот заменик-премиер, Нуман Куртумлус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...