fbpx
Таг: Реџеп Таип Ердоган

таг: Реџеп Таип Ердоган

Ердоган: Русија да докаже дека Турција купувала нафта од ИД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги докаже своите обвиненија дека високи турски претставници соработуваат со Исламска држава. Ердоган побара од Русија да ги докаже своите тврдења дека Турција купувала нафта од ИД, додавајќи дека тие што обвинуваат, треба да приложат и докази. - Доколку немате, вие сте клеветници – рече турскиот претседател, реагирајќи на руските...

Меркел: Уривањето на рускиот авион ја комплицира ситуацијата

Соборувањето на рускиот авион, кое го извршија турските сили, го комплицира наоѓањето политичко решение во Сирија, па мора да се преземат сите мерки за да се избегне понатамошна ескалација, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел. - Секако, секоја земја има право на одбрана на својата територија, но, од друга страна, позната ни е напнатоста поради ситуацијата во Сирија и во...

Медведев: Анкара ја брани Исламска држава поради финансиски интереси

Некои турски претставници имаат „директен финансиски интерес“ од трговијата со нафта со терористичката група Исламска држава, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев, говорејќи за можните руски контрамерки против Турција поради уривањето на рускиот авион во Сирија. - Дејствата на Турција се де факто заштита на Исламска држава. Тоа не изненадува, имајќи ги предвид информациите што ги поседуваме за директниот финансиски интерес на...

Ердоган ја одобри новата турска влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја одобри новата Влада на чело со премиерот Ахмет Давутоглу, по победата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на изборите одржани на 1 ноември. Ердоган ја одобри листата на министри, која ја изнесе Давутоглу само неколку часа откако Турција урна руски воен авион, за кој се наведува дека го нарушил воздушниот простор...

Ердоган: И бегалци да гласаат на претседателски избори во Сирија

Сириските бегалци мора да гласаат на идните претседателски избори во Сирија, оцени турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека за иднината на државата треба да одлучуваат и тие што останеле во земјата и тие што биле принудени да побегнат. – Ние сакаме сите Сиријци, во и надвор од државата, да го дадат својот глас – рече турскиот претседател. Ердоган истакна дека на преговорите во...

Група курдски милитанти загинаа во судир со турската војска

Турските сили на безбедност ликвидираа 11 курдски милитанти во судирите во Анадолија, недалеку од границата со Сирија и со Ирак, а еден војник загина во вооружен судир на југоистокот на Турција, соопштија властите. Судирите во овој регион, кој претежно е населен со Курди, продолжуваат по двегодишното примирје што го прогласи Курдистанската работничка партија, а беше прекинато во јули. Тогаш загинаа стотина луѓе и...

Ердоган повика на создавање зона на забранети летови во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно повика во Сирија да се создаде зона во која ќе бидат забранети летови, а која истовремено ќе им овозможили на бегалците да се вратат дома. Апелот на Ердоган доаѓа неколку дена пред самитот на лидерите на Г20, кој на 15 и на 16 ноември ќе се одржи во Анталија. Турскиот претседател рече дека треба да...

Ердоган ја критикуваше Европската унија за бегалската криза

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини европските земји дека имаат селективна и дискриминаторска политика при прифаќањето на бегалците и изјави дека ќе останат запаметени поради нивните „срамни“ правила. Ердоган изјави дека европските земји ги фатила паника поради стотина илјади баратели на азил кои дошле до границите на ЕУ, додека Турција веќе примила 2,5 милиони сириски бегалци. Турскиот претседател ги обвини...

Пукање пред резиденцијата на Ердоган

Момче денеска стрелало врз полицијата пред резиденцијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа се самозастрелало во главата, јавуваат турските медиуми. Агенцијата „Анадолија“ јавува дека 20-годишникот се расправал со полицијата пред резиденцијата во Истанбул, а потоа успеал на еден од стражарите да му го одземе пиштолот и да отвори оган врз полицијата, а потоа да си пука в глава. Агенцијата „Доган“ навела...

Партијата на Ердоган победи на парламентарните избори во Турција

Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција со 49,70 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на 94,78 отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ. АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и според првичните резултати, ќе има 317 места во 550-члениот парламент. За главната опозициска Народно-републиканска партија гласале 25,14 отсто од гласачите и таа ќе...

Меркел денеска на средба со Ердоган за договор за бегалската криза

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска треба да допатува во посета на Турција, каде со нејзиниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара околу бегалската криза и за договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за нејзино решавање, кој сè уште е неизвесен. Меркел, која се соочува со големи притисоци во Германија поради нејзината политика на отворени врати кон бегалците, според...

Ердоган: Руските напади во Сирија се неприфатливи и погрешни

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека руската интервенција во Сирија е неприфатлива и дека Русија направила сериозна грешка. - Руското бомбардирање на Сирија е целосно неприфатливо. Русија направи сериозна грешка – изјавил Ердоган пред неговото заминување во Стразбур. Ердоган денеска ќе одржи говор пред турската заедница која живее во Франција и во Германија, еден месец пред предвремените парламентарни избори во Турција. Турскиот...

Во Турција полицијата упаднала во редакција и го уапсила уредникот

Турската полиција упаднала во редакцијата на весникот „Нокта“ и го привела уредникот Мурат Чапан поради објавување фотографија која се подбива со претседателот Реџепт Таип Ердоган. Магазинот „Нокта“ на насловната страница објавил фотографија од турскиот претседател како позира за „селфи“, додека зад него војниците носат мртовечки ковчег покриен со националното знаме. Весникот на „Твитер“ кратко објави дека во редакцијата дошла антитерористичка единица...

Ердоган: Европа го претвори Средоземно Море во гробиница за бегалци

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги обвини европските земји дека Средоземно Море го претвориле во „гробница на бегалци“, реагирајќи на фотографијата на малиот сириски бегалец пронајден удавен на брегот на Турција. - Пронајдено е тело на тригодишно дете на наша плажа. Зарем човештвото не би требало да сноси одговорност? – рече турскиот претседател во пресрет на состанокот на министри и...

Ердоган ја одобри привремената влада

Составот на привремената влада, предложена од премиерот Ахмет Давутоглу, синоќа ја одобри турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во предложената привремена влада првпат е вклучена и една курдска партија. Али Хајдар ќе биде министер за прашања за Европска унија, а Муслим Доган ќе биде министер за разој. Двајцата се членови на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), а досега беа пратеници во Парламентот. Министер...

Ердоган: Одиме на нови избори

Турција забрзано се движи кон нови избори и тоа е единствено решение кое ја содржи „волјата на народот“ и може да ја прекине политичката криза која настана откако владејачката Партија на правдата и развојот не успеа да формира влада, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу синоќа го извести Ердоган дека не успеал да формира коалициска влада и...

Давутоглу го врати мандатот за формирање влада

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу официјално го врати мандатот за мандатот за формирање влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган, откако не успеа да најде партнери за колаициона влада, соопштија од канцеларијата на претседателот. Во Анкара синоќа, зад затворени врати се одржал состанок на премиерот и претседателот, на кој Ердоган и официјално го презеде мандатот за формирање влада. Состанокот траел околу час...

Исламска држава го нарече Ердоган предавник

Исламската држава го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предавник затоа што дозволил Американците да користат воздухопловни бази за напад против таа екстеремистичка организација. Во видео порака објавена на „Твитер“, Исламската држава ги повика муслиманите во Турција да ја поддржат и да се борат против крстоносци, тирани и атеисти. На снимката се гледаат борци на Исламската држава во друштво на уште...

Водач на ПКК тврди дека Турција ја штити ИД, напаѓајќи курдски позиции

Водачот на Курдската работничка партија (ПКК), Чамил Бајик, во интервју за „Би-Би-Си“ ја обвинил Турција дека таа ја штити Исламска држава (ИД) со тоа што ги напаѓа курдските борци. „Турција тврди дека се бори против Исламска држава, но, всушност, тие се борат против ПКК“, изјавил Чамил Бајик за „Би-Би-Си“, додавајќи дека Анкара тоа го прави „ за да ја лимитира...

Путин и Ердоган наесен ќе разговараат за „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин наесен ќе се сретне со турскиот колега, Реџеп Таип Ердога, и со двајца челници со кои ќе расправа за проектот „Турски тек“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Турскиот амбасадор во Москва денеска изјави дека во тек се разговорите за гасовод, кој би транспортирал руски гас во Европа преку Турција. Изјавите доаѓаат откако турските претставници вчера...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...