fbpx

Ердоган: Европа го претвори Средоземно Море во гробиница за бегалци

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги обвини европските земји дека Средоземно Море го претвориле во „гробница на бегалци“, реагирајќи на фотографијата на малиот сириски бегалец пронајден удавен на брегот на Турција.

– Пронајдено е тело на тригодишно дете на наша плажа. Зарем човештвото не би требало да сноси одговорност? – рече турскиот претседател во пресрет на состанокот на министри и на гувернери на централните банки на земјите од групите Г20.

Ердоган потсетува дека неговата земја примила околу два милиони сириски бегалци од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.

Фотографијата од малиот Ајлана Курди како лежи мртов на плажата кај Бодрум го обиколи светот. Неговиот постар, петгодишен брат и мајка му, исто така, починале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...