fbpx

Меркел денеска на средба со Ердоган за договор за бегалската криза

-

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска треба да допатува во посета на Турција, каде со нејзиниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара околу бегалската криза и за договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција за нејзино решавање, кој сè уште е неизвесен.

Меркел, која се соочува со големи притисоци во Германија поради нејзината политика на отворени врати кон бегалците, според медиумите, е во обид да обезбеди договор со Анкара, кој предвидува бегалците да бидат задржани на територијата на Турција со што би запрел бранот кон Европа.

За возврат, Брисел ѝ нуди на Турција милијарди евра помош за сместување на бегалците, како и олеснување на визниот режим за нејзините граѓани што патуваат во ЕУ, а се разговара и за тоа на Турција да ѝ се даде статус на „безбедна земја“.

Сепак, Анкара не е задоволна од понудените средства, а турскиот претседал, Ердоган, со извесна недоверба гледа во напорите на Европа за решавење на бегалската криза и, од друга страна, бара ЕУ посериозно да го сфати барањето на Турција за членоство во унијата.

„Тие објавија дека ќе примаат од 30.000 до 40.000 бегалци и веднаш се номинирани за Нобеловата награда. Ние згриживме 2,5 милиони бегалци и никому не му е грижа“, изјави вчера Ердоган, алудирајќи токму на номинацијата на германската канцеларка, Ангела Меркел, за Нобеловата награда за мир, поради нејзината политика за прифаќање на бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...