fbpx

Партијата на Ердоган победи на парламентарните избори во Турција

-

Партијата на Правдата и развојот (АКП) победи на изборите во Турција со 49,70 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите по пребројување на 94,78 отсто од гласачките ливчиња, јави турската телевизија НТВ.

АКП успеа да го врати парламентарното мнозинство и според првичните резултати, ќе има 317 места во 550-члениот парламент.

За главната опозициска Народно-републиканска партија гласале 25,14 отсто од гласачите и таа ќе има 134 мандати во турскиот Меџлис.

Партијата на националистичко движење освои 12,02 отсто и ќе има 43 пратеници.

Прокурдската Демократска партија доби 10,06 проценти од гласовите, со што го мина десетпроцентиот изборен праг и ќе има 56 пратеници.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој гласаше денеска на предвремените парламентарни избори во Истанбул, нагласи дека сите треба да го почитуваат изборот на гласачите.

– Околу 54 милиони лица ќе гласаат денеска. Тоа е неопходно бидејќи претходните избори на 7 јуни не донесоа стабилност и не овозможија формирање влада. Стана очигледно колку е важна стабилноста на нашиот народ, чиј избор сите сме должни да го почитуваме – рече претседателот.

Претходно, својот глас го дадоа и премиерот и лидер на АКП, Ахмет Давутоглу, како и лидерот на прокурдската Демократска партија на народите, Селахатин Демирташ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...