fbpx

Меркел: Уривањето на рускиот авион ја комплицира ситуацијата

-

Соборувањето на рускиот авион, кое го извршија турските сили, го комплицира наоѓањето политичко решение во Сирија, па мора да се преземат сите мерки за да се избегне понатамошна ескалација, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.

– Секако, секоја земја има право на одбрана на својата територија, но, од друга страна, позната ни е напнатоста поради ситуацијата во Сирија и во опкружувањето – изјави Меркел во Долниот дом на германскиот парламент.
Таа истакна дека вчера разговарала со турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, и оти од него побарала да направи сè за да се намали тензијата.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека ќе продолжи со воздушните удари врз метите на Исламска држава во Сирија, во близина на границата со Турција.

– Сакаме терористите и милитантите да бидат подалеку од турската граница, но, за жал, тие се стационирани на таа територија – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во меѓувреме, изјави дека официјална Анкара сака да ја избегне секоја ескалација на напнатоста со Русија.

– Немаме никакви намери да предизвикаме ескалација по овој настан. Ние само ја браниме нашата безбедност и правото на нашиот народ – рече Ердоган на форумот на муслиманските земји во Истанбул.

Шефот на турската држава уште еднаш повтори дека рускиот тактички бомбардер „су-24“ во рок од пет минути бил 10 пати предупреден. Тој, исто така, додаде дека Турција не знаела на која држава ѝ припаѓа авионот во моментот кога е отворен оган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...