fbpx

Ердоган: Руските напади во Сирија се неприфатливи и погрешни

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека руската интервенција во Сирија е неприфатлива и дека Русија направила сериозна грешка.

– Руското бомбардирање на Сирија е целосно неприфатливо. Русија направи сериозна грешка – изјавил Ердоган пред неговото заминување во Стразбур.

Ердоган денеска ќе одржи говор пред турската заедница која живее во Франција и во Германија, еден месец пред предвремените парламентарни избори во Турција.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу пред неколку дена ја обвини Русија дека ги бомбардира положбите на сириската умерена опозиција за да му помогне на претседателот Башар ал-Асад да остане на власт.

Турција и Русија имаат спротиставени ставови за Сирија од почетокот на граѓанската војна во таа земја во 2011 година. Анкара бара Асад, кој има поддршка од Москва, да си замине од власт.

Турција прими околу 2,2 милиони сириски беглаци од почетокот на граѓанската војна во таа земја во 2011 година, во која загинаа повеќе од 240.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...