Таг: ракети

таг: ракети

Нема никакви докази дека Украина сака да ја вовлече Белорусија во војна

Белорусија која е клучен сојузник на Русија, повика Киев да спроведе целосна истрага откако ракетата С 300, се приближи до нејзината граница. Според Кирил Казанцев, офицер од белоруската одбрана,се разгледуваат две сценарија – првото е ненамерно, случајно лансирање од страна на Украина, а второто е намерна провокација од страна на украинските воени сили. Министерството за одбрана на Украина соопшти...

Русија „осиромашува“ нуклеарни ракети и ги истрелува врз Украина

Русија најверојатно ги вади нуклеарните боеви глави од застарени ракети и потоа ги истрелува врз Украина, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот разузнавачки извештај споделен на Твитер. „Фотографии од „отворени извори“ покажуваат крш на најверојатно соборена крстосувачка ракета воздух-земја AS-15 KENT, дизајнирана во 1980-те како ракета строго за носење боеви глави. На местото на боевата глава најверојатно е...

Низа жестоки напади од Русите во Украина, во Миколаив употребени ракети С-300

Во текот на изминатава ноќ, украинскиот град Миколаив беше гаѓан од руските сили со ракети С-300, од кои најголем дел паднале во индустриски комплекс на периферијата на градот. Претходно, Миколаив беше и гранатиран, а од нападите на Русите, во градот избија и четири пожари, извести украинската новинска агенција Укринформ. Како што извести Подрачната единица во Миколаив на Државната служба за...

Ирина Венедиктова: Украина истражува над 21.000 воени злосторства

Украина истражува повеќе од 21.000 воени злосторства и агресорски злосторства, коишто ги става на товар на Русија. Главната обвинителка Ирина Венедиктова за Би-Би-Си вели дека дневно добива извештаи за 200 до 300 воени злосторства. Венедиктова признава дека многу од судењата би се одвивале во отсуство на обвинетите, но вели дека станува збор за „прашање на правдата“. Инаку, како што пишува...

Путин прогласи победа во Луханск, руските сили ќе се насочат на целосно освојување на Донецк

Откако Русите го освоија и Лисичанск, последниот голем град во украинскиот регион Луханск, рускиот претседател вчера прогласи победа во Луханск и им порача на руските воружени сили да продолжат со остварување на целите според „претходно одобрените планови“, пренесува Би-Би-Си. Борбените дејствија сега се пренасочуват на соседниот регион Донецк, кој околу половина е под руска воена контрола, а останатата половина од...

По завземањето на Лисичанск, руските сили продолжуваат со напади за нов продор во Украина

Откако руските сили вчера го освоија градот Лисичанск и навлегоа во него, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека украинските вооружени сили ќе се вратат во градот благодарение на нивната тактика „и зголемувањето на дотурот на модерно оружје“, ситуацијата во Украина утрово е мачно вообичаена. Руските сили преземаат низа напади на повеќе места, а во борбените дејствија во изминатите 24...

Русите ракетираa населба близу Одеса, 18 цивили загинаа, над 30 се повредени

Во нов грозоморен напад на руските сили врз цивилни објекти, рано взори со три ракети испукани од руски авиони-бомбардери беа погодени станбена зграда и два центра за рекреација во населба на 50-тина километри од Одеса, најголемиот украински крајбрежен град, при што животите ги загубија најмалку 18 граѓани, а над 30 се повредени, извести украинската државна агенција „Ukrinform“. Во источна Украина,...

Жестоки битки во Лисичанск, жителите сонуваат за барем половина час мир и тишина

Руските сили со авионски бомбардирања во украинскиот град Лисичанск вчера уништија полициска станица и нанесоа големи штети во областа на рафинеријата за нафта, јави украинската новинска агенција ukrinform.net. „Човек тешко може да најде безбедно место во градот. Жителите сонуваат за барем половина час тишина, но руските окупатори не престануваат, пукаат со сите видови оружја. Вчера непријателот изврши неколку воздушни напади...

Вистиномер: Со компјутерски генерирано видео се дезинформира дека руски проектил уништил склад за оружје

Не е вистина дека на видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук се гледа напад на руски проектил врз украинска база за оружје под земја. Станува збор за компјутерски генерирано видео, а не за материјал од реалноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на Фејсбук, во кој е споделено видео и во кој се...

Шестмина загинати и десетици повредени во ракетни напади во Украина денеска и вчера, напади и во Кијив

Кијив, главниот град на Украина денеска беше цел на ракетни напади од руските сили. Еден удар на ракета разурна станбена зграда, при што еден цивил загина, а уште најмалку четиримина се повредени - меѓу нив и дете. Нападите беа насочени на централното подрачје, при што една ракета падна и во дворот на детска градина, известува украинската државна новинска агенција...

По падот на Сиеверодонецк, руските војници се обидуваат да го опсадат Лисичанск

Откако вчера градоначалникот на украинскиот источен град Сиеверодонецк објави дека градот е освоен од рускиот сили, руските трупи денеска се обидуваат да ги опколат единиците на Украинските одбранбени сили во Лисичанск - градот-близнак на Сиеверодонецк, од кој е одвоен само од реката Сивериски Донец, известува украинската државна агенција ukrinform.net. Во меѓувреме, во Кијив, руска ракета погоди станбена зграда и голем...

Жестоки битки во Северодонецк и Лисичанск, украинските војници се борат за секоја педа земја

Градот Северодонецк, кој повеќе седмици е средиште на руските напади, полека паѓа под контрола на руските сили, откако ноќеска припадниците на вооружените сили на Украина се истерани од центарот на градот, а руските артилериски напади и борбите на терен продолжуваат, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Околу 70 отсто од градот е под руска контрола, а руската артилерија и...

Можно е околу 60 луѓе да загинале во бомбардирано училиште во Украина

Украина ја обвини Русија за грозоморен масакр во Луханската област, каде со авионско бомбардирање е уништено училиште во селото Билохоривка, во коешто се засолнувале околу 90. Според регионалниот гувернер Серхиј Хајдај, потврдени се двајца загинати, но под урнатините можеби има околу 60 луѓе, пренесува Би-Би-Си. Околу 90 лица се криеле во училиштето, а околу 30 се спасени. Според Хајдај, руски...

И ноќеска битки, досега загинале 198 Украинци, од кои 3 деца

Во руската инвазија на Украина, што започна рано утрото во четвртокот, 24 февруари, досега животите ги загубиле 198 Украинци, од кои три се деца, соопшт утрово украинскиот министер за здравство, Виктор Љашко. Во текот на изминатава ноќ се водеа борби меѓу украинските одбранбени сили и руските вооружени сили. Според украинската страна, успешно биле потиснати руски трупи кај воена база на...

Се води битка за Киев, ракети паѓаат по улици и згради

Во северен Киев во моментов се одвива битка меѓу украинските одбранбени сили и руските војници, кои се обидуваат да се пробијат до центарот, односно до објектите на власта на Украина. Официјалните извештаи од терен се скудни, но на социјалните мрежи граѓани објавуваат видеа за руски ракети што паѓаат во населбите. Во меѓувреме, разузнавачките служби на САД се загрижени дека Киев...

Во Киев упатен повик до граѓаните да се засолнат, четири ракети истрелани од Белорусија кон Украина

Градските власти на Киев ги повикаа граѓаните итно да се засолнат поради руски воздушен напад, јави украинскиот медиум на англиски јазик „Кијив Индепендент“. Киевскиот градоначалник Витали Кличко, поранешен светски боксерски шампион, вели дека граѓаните на Киев се шокирани од експлозиите во градот и побара Западот да се обедини за да ѝ помогне на Украина. Кличко прогласи полициски час од 22...

Стари теории на заговор за бомби на НАТО во Јадранско Море повторно „пукаат“

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Ракети од Сирија паднале во Турција, еден загинат

Едно лице загинало, а 13 се повредени во ракетен напад од северот на Сирија на пограничниот турски град Килис, соопштија турските власти. Една ракета погодила џамија, а друга ракета погодила куќа. Набрзо потоа се слушнала повратна турска артилериска акција во правец на Сирија. Во тек е пети ден на големата турска офанзива против курдската милиција во енклавата Африн на северот на...

Човечка грешка предизвика паника на Хаваи со лажен аларм за напад со балистички ракети

Поради човечка грешка, повеќе од милион и половина жители на Хаваи и туристи вчера беа вџашени и крајно вознемирени откако на своите мобилни телефони добија порака дека балистички ракети се упатени кон Хаваи и сите мора да се засолнат, со напомена дека не станува збор за грешка. За среќа, алармот испратен вчера претпладне по локално време беше лажен, а станувало...

Хамас испука ракети, Израел бомбардираше од воздух, двајца Палестинци загинаа

Двајца Палестинци се убиени во судирите со израелската војска во Газа, а од почетокот на судирите биле повредени 1.100 луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство. Судирите продолжија вчера и денеска, како ескалации на муслиманското востание по признавањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим за главен град на Израел. Израелските војници застрелале 30-годишен маж близу Кан Јунес, додека учествувал во...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...