Можно е околу 60 луѓе да загинале во бомбардирано училиште во Украина

-

Украина ја обвини Русија за грозоморен масакр во Луханската област, каде со авионско бомбардирање е уништено училиште во селото Билохоривка, во коешто се засолнувале околу 90. Според регионалниот гувернер Серхиј Хајдај, потврдени се двајца загинати, но под урнатините можеби има околу 60 луѓе, пренесува Би-Би-Си.

Околу 90 лица се криеле во училиштето, а околу 30 се спасени. Според Хајдај, руски авион фрлил бомба на училиштето. Сепак, неговите обвинувања изнесени на Телеграм засега не може да бидат независно проверени, а ни Русија не испрати итна реакција, пишува Би-Би-Си.

Експлозијата го уништила објектот и потоа избил пожар, кој бил совладан дури по три часа. Како што вели Хајдај, речиси сите жители на селото се криеле во подрумот на училиштето, а конечната бројка жртви ќе се утврди дури откако ќе ќе се расчистат урнатините.

Русија досега во Украина убила 225 деца, обвини Главното јавно обвинителство на Украина денеска на својот канал на Телеграм. Бројката на ранети деца изнесува 413.

Во меѓувреме, продолжуваат дипломатските напори да се извлечат ранетите војници од челичарницата Азовстал во Мариупол, којашто руските трупи ја опседнуваат неколку седмици, барајќи безусловно предавање на припадниците на Азовскиот батаљон. Евакуацијата на цивилите од Азовстал е завршена, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, а сега во индустрискиот комплекс има неколку стотици вооружени лица.

Украинските вооружени сили ја продолжуваат контраофанзивата кај градот Харкив, а според официјален Кијив, веќе се повторно освоени неколку села.

Се очекува денеска, на 74-от ден од почетокот на руската инвазија на Украина, претседателот Володимир Зеленски да одржи видеоконференција со лидерите на земјите на Г7. Исто така денеска, амбасадорите на членките на ЕУ ќе се сретнат во Брисел за да се договараат за шестата рунда економски санкции против Москва.

Официјална Москва пак интензивно се подготвува за големо одбележување на Денот на победата против фашизмот во Втората светска војна.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...