fbpx

Вистиномер: Вредноста на рубљата не пораснала за 100 проценти во еден месец

-

Објавата на Фејсбук датира од 28 април. На тој датум, рубљата, според престижниот „Блумберг“  во споредба со доларот била 72, односно за 1 долар сте можеле да добиете 72 рубљи. На 28 март, односно еден месец пред 28 април кога е објавен постот, таа вредела 94 односно за 1 долар сте можеле да добиете 94 рубљи. Ова значи дека рубљата доживеала раст, но не толку голем како што се тврди во објавата. Доколку беше вистина дека рубљата за еден месец доживеала раст од 100 проценти, таа на 28 март требала да вреди 144, односно за 1 долар да добиете 144 рубљи, а не 94, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Oбјава на Фејсбук тврди дека рубљата – официјалната руска парична валута пораснала за 100 проценти за еден месец, од крајот на март до крајот на април. Ова е неточна информација. Исто така, со голема резерва треба да се земе препораката што ја содржи објавата за инвестирање во оваа валута.

Оној што купил рубљи пред месец дена , сега го има дуплирано своето богатство. Не знам дали биткоинот има пораснато за месец дена 100%, а како стојат работите најдобра инвестиција (а и најсигурна) во периодов е рубљата.

Не е точно дека оној кој што купил рубљи пред месец дена сега го има дуплирано богатството затоа што оваа валута пораснала за 100 проценти.

Овој пост е објавен на 28 април. На тој датум, рубљата, според престижниот „Блумберг“  во споредба со доларот била 72, односно за 1 долар сте можеле да добиете 72 рубљи. На 28 март, односно еден месец пред 28 април кога е објавен постот, таа вредела 94 односно за 1 долар сте можеле да добиете 94 рубљи.

Ова значи дека рубљата доживеала раст, но не толку голем како што се тврди во објавата. Доколку беше вистина дека рубљата за еден месец доживеала раст од 100 проценти, таа на 28 март требало да вреди 144, односно за 1 долар да добиете 144 рубљи, а не 94. Вака како што стојат работите, растот на вредноста на рубљата изнесува 30 отсто за еден месец затоа што ви се потребни 30 отсто помалку рубљи за да купите еден долар. Но, во никој случај не 100 отсто.

Слична е ситуацијата на рубљата во споредба со еврото, иако овие податоци не доаѓаат од Европската Централна Банка (ЕЦБ) затоа што, како што известуваат оттаму, поради тековната трговска активност на пазарот, ЕЦБ не е во позиција да постави референтна стапка што е репрезентативна за постоечките пазарни услови. Затоа ЕЦБ одлучи да го прекине објавувањето на референтната стапка на еврото за руската рубља до натамошно известување. ЕЦБ последен пат објави референтна стапка EUR/RUB на 1 март 2022 година.

Но, на други веб-страници, каде што може да се види конверзијата помеѓу овие две валути, се гледа дека рубљата ни во споредба со еврото не е толку порасната за овој временски период. На 28 март за 1 евро сте можеле да добиете 103 рубљи, додека на 28 април, исто така за едно евро, сте можеле да добиете 74 рубљи.

Заедно со тврдењето дека рубљата доживеала толкав раст, прикачен е принтскрин од медиумска објава  за тоа колку чини рубљата и дека Народната банка ќе ја врати оваа валута на курсната листа. Но, и во овој текст не може никаде да се најде информацијата за големиот раст на рубљата, па не е јасно како е донесен заклучокот во објавата.

Си-ен-ен, анализира дека Русија ја поддржала рубљата, и покрај глобалните санкции, преку зголемување на каматните стапки, со спречување на руските брокери да продаваат хартии од вредност што ги поседуваат странци и со барањето за плаќање за испораката на гас и нафта во рубљи.

Овие мерки ѝ овозможија на Москва вештачки да ја произведува побарувачката за рубљата, иако економијата на нацијата и понатаму е во распад, пишува Си-Ен-Ен.

Тврдењето дека најдобра инвестиција во моментот е рубљата треба да се земе со резерва со оглед на флуктуациите што се случуваат со оваа валута откако Русија започна инвазија врз Украина на 24 февруари годинава. И покрај растот што го има валутата во последниот период, вредноста на валутата во моментот зависи од повеќе фактори, меѓу кои самата војна во Украина и санкциите од западните земји врз Руската Федерација.

Од сите овие причини, оценуваме дека постот што го рецензираме е невистинит, а граѓаните треба добро да се информираат од повеќе извори пред да донесат одлука за било какво инвестирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...