Таг: ракети
таг: ракети
Советот за безбедност на ОН ќе расправа за зајакнување на санкциите кон Пјонгјанг
Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе одржи гласање за нацрт-резолуцијата со која се повикува на воведување остри санкции кон Северна Кореја, јавува „Ројтерс“.
Минатата недела пред членките на Советот за безбедност беше претставена резолуцијата која е договорена со Кина, а со која значително би се заостриле санкциите против Северна Кореја откако таа држава изведе нуклеарно и балистичко тестирање.
Нацрт-резолуцијата предвидува...
Кина поставила ракети во Јужното Кинеско Море
Кина неодамна распоредила ракети земја-водух на спорен остров во Јужното Кинеско Море, објавија денеска тајвански и американски претставници.
Според сателитските снимки од 14 февруари, а кои ги објави „Фокс њуз“, Пекинг распоредил две батерии од осум ракетни фрлачи и радарски систем на островот Вуди или Јонгчинг, во рамки Парацелските Острови.
Претставниците на Тајван, кои, исто така, имаат територијално право на островот, ги...
Техеран демантира: Руски ракети не паднале на територија на Иран
Наводите дека руски ракети, испукани кон Сирија од Каспиското Море, паднале на територија на Иран се лага и претставуваат дел од „психолошката војна“, изјави денеска иранскиот воен командант Муса Камали, додавајќи дека Западот сигурно ќе ги објавел доказите доколку ги поседувал.
- Да имаше потврди дека руски ракети паднале на иранска територија, за тоа би имало и докази, а тоа...
Спротивни информации за падот на руските ракети во Иран
Четири руски крстосувачки ракети испукани кон Сирија, паднале на иранско тло, изјави неименуван американски претставник. Тој не соопшти дали ракетите предизвикале штета ниту, пак, изнесе детали за тоа каде паднале.
Русија веднаш ја демантираше информацијата.
- Секој експерт знае дека во текот на таквите операции точно се одредува метата пред и по нападот. Сите наши ракети ги погодиле своите мети – рече портпаролот...
Русија почна да стрела врз ИД во Сирија од бродови во Касписко Море
Русија истрелала ракети врз цели на Исламска држава во Сирија од воени бродови во Касписко Море, соопштил денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, јавува „Би-Би-Си“.
Министерот Шојгу, цитиран од руските медиуми, изјавил дека од четири воени бродови биле истрелани 26 крстосувачки ракети врз 11 цели на ИД, кои биле уништени.
Рускиот претседател, Владимир Путин, изразил пофалби до војската, истакнувајќи дека целите што биле...
Десетина ракети испукани на Дамаск
Бунтовниците денеска испукале десетина ракети на централниот дел на Дамаск, во пресрет на посетата на шефот на иранската дипломатија, објавија активистите и сириските државни медиуми.
Во бомбардирањето загина најмалку едно лице, а повредени се 20, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џевад Зариф, треба денеска од Бејрут да пристигне во Дамаск,...
Израел го бомбардираше појасот Газа
Израелските воздухопловни сили бомбардираа „терористичка инфраструктура“ во појасот Газа откако рано утринава една ракета беше истрелана на Израел од палестинска територија, соопшти армијата.
Ниедна организација во Газа не ја презеде одговорноста за рекетирањето.
Воениот портпарол на Израел смета дека Хамас е одговорна за тој инцидент.
Се верува дека за ракетите можеби се одговорни радикални исламистички организации и дека рекетирањето на Израел е...
Путин: Руската војска наскоро ќе добие интерконтинентални ракети
„Годинава 40 интерконтинентални проектили од нова генерација ќе влезат во состав на вооружувањето. Тие се во состојба да ги пробијат најсовршените системи за противракетна одбрана“, рече Путин на отворањето на меѓународниот форум „Армија-2015“, објави „Руска реч“.
Путин најави дека во наредните неколку месеци ќе биде извршено тестирање на радар со долг радиус, што треба да го потврди владата и дека...
Пакистан тестираше ракетен систем
Пакистан успешно тестирал балистичка ракета со среден дострел, која може да носи нуклеарна боева глава, соопшти пакистанската војска.
Балистичката ракета „гаури“ може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави, а има домет од 1.300 километри.
„Целта на тестирањето на ракетниот систем „Гаури“ е да се испита неговата оперативна и техничка подготвеност“, се наведува во соопштението на војската.
Официјален Исламабад пред еден месец...
Северна Кореја истрела седум ракети земја-воздух
Седум ракети земја-воздух, Северна Кореја истрела во море. Операцијата ја набљудувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Ракетите се истрелани синоќа од локација во близина на градот Сондок, во источниот дел на Северна Кореја.
На Корејскиот Полуостров зголемени се тензиите поради заедничките воени вежби на САД и на Јужа Кореја, кои Пјонгјанг ги осудува и ги смета за проба за инвазија.
Украина: Седум цивили загинаа при напад на Краматорск
Најмалку седум цивили денеска загинаа во гранатирањето на источниот украински град Краматорск, со што бројот на жртвите во последните 24 часа се зголеми на 21. Нападите доаѓаат еден ден пред состанокот во Минск, на кој европските, руските и украинските челници треба да го договараат мировниот план, кој се смета за последна шанса за мир.
Како што соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко,...
Иран покрена нов радарски систем
Иран активира нов радарски систем со голем дострел, способен да детектира мали беспилотни летала и балистички ракети, соопштија иранските медиуми.
Дометот на новиот систем е поголем од 2.500 километри, јави иранската агенција „Фарс“.
Иран од 1992 година ја иницира домашната индустрија за одбрана, која произведува лесно и тешко вооружување од минофрлачи и од торпеда, па до тенкови и подморници.
Иран, исто така располага со...