fbpx

Десетина ракети испукани на Дамаск

-

Бунтовниците денеска испукале десетина ракети на централниот дел на Дамаск, во пресрет на посетата на шефот на иранската дипломатија, објавија активистите и сириските државни медиуми.

Во бомбардирањето загина најмалку едно лице, а повредени се 20, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џевад Зариф, треба денеска од Бејрут да пристигне во Дамаск, јавуваат иранските државни медиуми.

Портпаролот на иранското МНР соопшти дека за време на посетата на министерот ќе стане збор и за новиот договор за ставање крај на војната во Сирија.

Иран е клучниот сојузник на сирискиот претседател Башар ел Асад во четиригодишната војна во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...