fbpx

Жестоки битки во Северодонецк и Лисичанск, украинските војници се борат за секоја педа земја

-

Градот Северодонецк, кој повеќе седмици е средиште на руските напади, полека паѓа под контрола на руските сили, откако ноќеска припадниците на вооружените сили на Украина се истерани од центарот на градот, а руските артилериски напади и борбите на терен продолжуваат, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Околу 70 отсто од градот е под руска контрола, а руската артилерија и во текот на викендот жестоко дејствуваше врз градот. Околу 500 цивили, вклучително и деца, се кријат во фабриката „Азот“ во градот.

Според украинските сили, рускиот агресор во Донецк покрај артилерија и тенкови, од денеска употребува и авионски хиперсонични ракети Кх-22, а во нападите на 11 села или населби има и цивилни жртви.

Остатоци од руски гранати и ракети. Фото: Национална полиција на Украина

Северодонецк и неговиот „близнак“ Лисичанск на другиот брег на реката се важен регионален и индустриски центар во регионот Луханск на истокот на Украина и нивното освојување од страна на руските сили ќе значи целосна контрола врз Луханск од страна на Русија. Огромни делови на регионот веќе се под контрола на сепаратистичките сили поддржани од Русија.

„Северодонецк ќе биде отсечен од остатокот на Украина ако Русија го уништи последниот преостанат мост кон градот“, алармираше Серхиј Хајдај, шеф на воената администрација на регионот Луханск.

Во градот што пред војната имаше околу 100.000 жители, сега има околу 15.000 луѓе, но поради жестокото гранатирање и уличните борби, евакуацијата е речиси невозможна. Напади и борби има и во Лисичанск.

Едуард Басурин, воениот претставник на самопрогласената „Донецка Народна Република“ порача дека украинските трупи мора да се предадат или ќе умрат и говорејќи за медиумите во Донецк рече дека сега мостот што ги поврзува Сиевиеродонецк и Лисичанск е веќе уништен, пренесува Би-Би-Си.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека битката за градот продолжува и украинските војници се борат за секоја педа земја. Зеленски повторно побара од странските сојузници модерни ракетни системи.

Артилериски и ракетни напади имаше и во регионот Чернихив, а според украинските сили, во регионот Харкив украинската противвоздушна одбрана соборила руски авион Су-34, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...