fbpx

Жестоки битки во Лисичанск, жителите сонуваат за барем половина час мир и тишина

-

Руските сили со авионски бомбардирања во украинскиот град Лисичанск вчера уништија полициска станица и нанесоа големи штети во областа на рафинеријата за нафта, јави украинската новинска агенција ukrinform.net.

„Човек тешко може да најде безбедно место во градот. Жителите сонуваат за барем половина час тишина, но руските окупатори не престануваат, пукаат со сите видови оружја. Вчера непријателот изврши неколку воздушни напади врз Лисичанск. Големо уништување. Воздушни напади беа извршени врз рафинеријата за нафта и близу Вовчојаривка. Полициската станица е уништена целосно“, објаснува Серхиј Хајдај, шеф на Регионалната воена управа на Луханскиот регион.

Напади на рафинеријата се вршат и денеска. Уништени се и голем број куќи, а по гранатирањата и бомбардирањата избиваат голем број пожари. Во подрумот на една од куќите по гаснењето на пожарот е пронајдено тело на жена.

Артилериски напади се вршат постојано на областите долж брегот на реката Сиеверски Донец, која го двои од градот-близнак Сиеверодонецк. Нападите доаѓаат од двете страни.

Руските трупи постојано се обидуваат да навлезат во Лисичанск, но се соочуваат со отпор од украинската одбрана. Нивните борбени дејствија се насочени и на „затворање“ на градот и на преземање контрола на автопатот Лисичанск-Бахмут. Биле гаѓани и 10 населени места во регионот, при што има загинати цивили, јави ukrinform.net.


Во однос на трагедијата во градот Кременчук, каде во понеделникот беше ракетиран трговскиот центар Амстор, во кој во моментот имало околу 1.000 цивили, од кои најмалку 20 се загинати и повеќе од 50 повредени, Безбедносната служба на Украина (БСУ) утврдила дека ракетите биле испукани од територијата на Русија. Двете ракети Кх-22 биле истрелани од авиони-бомбардери Ту-22М3 додека биле над регионот Курск, пишува ukrinform.net.

Во градот Миколаив, кој вчера беше гаѓан со ракети, бројката на загинати цивили изнесува шест и има шестмина ранети. Биле истрелани 10 ракети на градот и периферијата, а загинатите цивили биле во погодена станбена зграда. Дополнително биле погодени и фитнес-центар и автомеханичарски сервис.

Ноќеска и утрово напади се извршени и на селото Широке, а вчера се гаѓани други две населби, при што се уништени голем број куќи, но за размерот на штетите уште нема релевантни информации, јави ukrinform.net.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...