fbpx
Таг: проверка на факти

таг: проверка на факти

Настанот со малолетникот од Тетово кому му пукнала петарда во устата, не е регистриран во билтенот на МВР

За време на новогодишната ноќ на малолетник во Тетово му пукнала петарда во устата и детето било однесено во болница. Но, наспроти известувањето на повеќе медиуми дека во „билтенот на СВР Тетово се нашол настанот со малолетник кому во устата му пукнала петарда“, таков настан не бил пријавен во полиција, МВР, ниту пак, го има полицискиот билтен, пишува „Вистиномер“...

Палевски не е наместен од државата, туку првоосомничен за двојното убиство

Поради фактот што осомничените соучесници во двете убиства го посочуваат Палевски како човекот што испукал од пиштолот и во двата случаја, сосема е логично тој да биде првоосомничен за овие кривични дела. Нему му се дадени сите права додека чека во екстрадициски притвор Турција за да биде испорачан во нашата држава. Покрај тоа, обвинителот Гаврил Бубевски наведе дека материјалните...

Руско бомбардирање на „руската“ Одеса

Рускиот претседател Владимир Путин и на маратонскиот медиумски спектакл по пауза од една година поради војната во Украина, не пропушти да каже дека „Русите и Украинците се еден народ“, дека „Одеса е руски град“. За цинизмот на Путин доволно говори тоа што ноќта пред интервјуто, а и денови потоа, „руската Одеса“, беше цел на крвав напад со дронови и...

Бура од дезинформации го „поплави“ убиството на Вања

Свирепиот, антицивилизациски чин со двете ѕверски убиства што предизвика колективна тага и траума во општеството, неизбежно се рефлектираше на социјалните мрежи, податливи да се истури гневот, да се шират најразлични шпекулации и дезинформации. Трагичниот настан се најде во годишното обраќање на претседателот Пендаровски кој констатира дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија, а ...

Уставните измени доминираа меѓу спинерските трендови за 2023 година

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот беше предмет на најбројни и најчести дебати околу кои беа забележани манипулации и извртување на вистината. По нив следуваа дебатите за борбата против корупцијата и организираниот криминал, во тој контекст посебно измените на КЗ во делот на злоупотреба на службена положба и овластувања, зголемувањето на пензиите, решавање на проблемот со инфлацијата, лек...

Случајот „Палчо“ не може да е дело на УДБА, бидејќи УДБА не постои

УДБА не постои уште од распадот на Југославија и осамостојувањето на нашата држава. Тврдењето дека двојното убиство на младата Вања и велешанецот Жежовски се случило поради ширење на страв пред избори, исто така „не држи вода“. Киднапирањето на Вања се случи утрото на 27 ноември, а набрзо после тоа истиот ден таа била и убиена. Да била целта на...

Ватикан не одобри, туку даде благослов за истополови бракови

Ватикан не одобрил истополови бракови, ниту, пак, одобрил римокатоличките свештеници да венчаваат хомосексуални парови, како што тврди оваа објава. Она што Ватикан го одобри е давање благослов на паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“, но без каква било ритуализација или да се остави впечаток на брак. Доктрината на Ватикан во врска со бракот не се...

Пет наративи на Кремљ во позадината на лавина дезинформации за Украина во 2023 година

Прегледот на дезинформациите на најмасовната социјална мрежа во Северна Македонија, Фејсбук, покажува дека во 2023 година се следеле стриктно дел од руските дезинформациски наративи, а покрај тоа зголемeнa e и употребата на манипулирани видео содржини (deep fake), со цел да се поткопа угледот на украинското врвно раководство и да се деморализира населението. Преовладувачкииот вид на дезинформации се обидува вината...

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува на смртни случаи кои...

Огнениот крст на божиќните украси во Летонија не е поврзан со нацистичката свастика

Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската...

Лажно се нудат елки за 123 денари

Објавата нуди големи вештачки елки по промотивни цени од само…123 денари, односно со попуст од 99 отсто. За да ги намами своите жртви, рекламата е придружена со фотошопирана фотографија на која има кутии од елки, а една голема елка е поставена надвор од кутијата. Но, сето ова е измама. Во објавата се злоупотребува името и логото на Рамстор. Доколку...

Нино Васев беше ослободен од вина за случај од 2021 година, а не за скандалот со лекови на Онкологија

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, доби ослободителна пресуда во врска со друг случај кој се водеше против него од 2021 година, а по тужба на роднини на починат пациент кои го обвинија за несовесно работење. Оваа пресуда нема никаква врска со скандалот со терапијата на Онкологија што го отворија медиумите, за кој во Собранието имаше Анкетна...

Со руски измислени „докази“се шири антисемитска пропаганда

Една од најпознатите измислици за „еврејскиот заговор“ и воедно најпознатиот фалсификат со трагични последици во светската историја се  т.н. „Протоколите на сионските мудреци“. Станува збор за опасна лага, публикација која е создадена во Русија во првата деценија на 20 век, која се проширила низ целиот свет веднаш по Болшевичката револуција, иако е измислица. Евреите како народ не се ексклузивно...

Контраспин: Спинувањето околу ЕУ стана константа на македонската политичка сцена

Двете главни политички партии во македонскиот блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не престануваат со спинување и сервирање полуинформации околу ЕУ перспективите на С. Македонија, особено по минатонеделните(14 и 15.12) заклучоци на Советот на ЕУ. Двата најнови спина се однесуваат на ЕУ перспективите на земјава доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и што значела изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел,...

Срамот од елката на Арсовска „блесна“ до Загреб

Дали навистина Скопје заблеска во новогодишна магија, како што вети градоначалничката Арсовска? И дали таа магија може да се види – почувствува во градот, особено на Градскиот плоштад околу тажната, накривена елка? За тоа каква е новогодишната атмосфера најдобро говорат реакциите на скопјани и коментарите на социјалните мрежи дека Скопје никогаш не било полошо украсено. Но, не само кај...

Антиваксерска објава неточно ги поврзува вакцините со аутизмот

Објавата ја шири добропознатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Оваа манипулативна објава, исто така,...

ЕУ не ги негира македонскиот народ, историја и државност

Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од...

Сигналите од ВМРО-ДПМНЕ за учество во „техничката влада“ се недвосмислени

Повеќе сигнали од високи функционери и претставници на ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека партијата ќе учествува во преодната, „пржинска или техничка влада“. Тоа што органите на партијата допрва ќе решавале за тоа прашање може да биде или за политички маркетинг, дотолку повеќе што за технички премиер е веќе номиниран Талат Џафери, или заштита на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој јавно...

Нема одлука дека цената на струјата по Нова година ќе се зголеми за 30 проценти

Засега нема официјална одлука дали и за колку ќе се зголеми цената на струјата. Никој досега не кажал дека струјата по Нова година ќе поскапи за 30 проценти, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Енергетските компаниите ги доставиле своите калкулации и според нив, цената на струјата би требало да се зголеми за 27 проценти. Но, ваквата...

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации или преку одделени средства...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...