fbpx
Таг: проверка на факти

таг: проверка на факти

Палевски бил уапсен пред да лета за Москва, ама во 2019 година

Во овие објави кои се шират на Фејсбук во време кога Љупчо Палевски беше меѓународно баран како првоосомничен за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се споделува стар текст од 2019 година во кој пишува дека Палевски бил уапсен пред да летне за Москва. Настанот навистина се случил, ама за друго дело и пред 4 години...

Осомничените за убиството на Вања не почнале процедура за барање откуп

Наспроти изнесеното во насловот од текстот, осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска не побарале пари, односно постапката за барање откуп воопшто не почнала. Тоа на прес-конференција го соопшти јавниот обвинител Гаврил Бубевски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис и пишува: Прво ја убиле Вања, па...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини за дезинформациите околу двојното убиство

Кратка анализа на јавната комуникација на двете главни политички партии од власта и опозицијата околу двојното убиство што ја потресе земјата, покажува разлики меѓу двете партии: СДСМ, сепак, делуваше поодговорно, додека ВМРО-ДПМНЕ – дури и ако се земе предвид легитимитетот на опозицијата да поставува прашања или предизборниот период – ја занемари одговорноста кон јавноста и придонесе наместо за смиреност,...

Политичка и етничка злоупотреба на трагичната смрт на Вања

Јавноста деновиве беше „бомбардирана“ со дезинформации за случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која на 27 ноември беше киднапирана во сред Скопје, во време на главниот сообраќаен шпиц додека одела на училиште, а по една недела беше најдена мртва во атарот на скопското село Бразда. Се ширеа невистини и од етнички и политички побуди, сакајќи некој да профитира и од...

Тенденциозно се прикажува студија за да се „докаже“ дека маските не спасуваат животи

Во оваа објава се пропушта контекстот, притоа не се наведуваат битните огради кои ги ставаат и самите автори во студијата, а се тврди дека маските не заштитуваат од инфекција со ковид-19. Сознанијата од студијата се дека носењето маска МОЖЕ да биде асоцирано со зголемен ризик од инфекција, но оваа асоцијација МОЖЕ да биде и поради разлики меѓу луѓето што...

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт – вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините се шетни и дека целта е со нив да се изврши...

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во корелација со дискусија за...

КАМ не доделува подароци, телефони ни готовина ако напишете „Среќен Божиќ“ или „честитки“

Две одделни невистинити објави споделени од иста група на Фејсбук, ветуваат дека граѓаните ќе добијат награди од КАМ маркетите доколку напишат едноставни коментари. Групата е лажна, исто како и наградната игра, а злоупотребени се името и брендот на КАМ маркетите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: За да...

Левица го грабна мегафонот на Кремљ

Добар дел од јавноста веќе од поодамна ја перципира Левица како проруска партија, длабоко навлезена во пропагандната машинерија на Кремљ. Партијата ја користи терминологијата на Москва, па руската инвазија ја нарекува „специјална воена операција“. Пратениците на Левица лани во март, токму среде руската воена офанзива на Украина, имаа средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин. Во периодот кога војната во...

Нема докази дека 2.000 спортисти починале поради ковид вакцината

Дел од спортистите наведени во листата доживеале некаков вид на потешкотии на теренот, колабирале или имале срцеви проблеми, некои од нив дури и починале, ама тоа да се доведува во корелација со вакцината е неточно, затоа што нема докази за такво нешто, ниту пак, има информации дали тие биле воопшто вакцинирани. Дефинитивно е неточно и дека пораснал бројот на...

Анкетната комисија за онкологија воопшто не гласаше за предлог-заклучоци, ниту, пак, утврди одговорност

Анкетната комисија не утврди ничија политичка одговорност, туку пратениците од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ предводени од пратеничката Рашела Мизрахи ги презентираа своите заклучоци, кои не беа ниту ставени на гласање во Анкетната комисија, ниту пак, го добија мнозинството гласови за да бидат „заклучоци на Анкетната комисија“, пишува Вистиномер во својата анализа.  Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објави споделени од страна...

ХПВ вакцините се безбедни, не содржат опасни дози на алуминиум

Вакцината против ХПВ е тестирана, безбедна, ефикасна, со поволен безбедносен профил и се препорачува од страна на СЗО во редовниот имунолошки календар. Овие вакцини содржат алуминиум, ама не во опасни дози. Количеството на алуминиум во ХПВ вакцината Гардасил е контролирано од страна на американската Агенција за храна и лекови, која има утврдено дека станува збор за незначително количество кое не...

Рускиот наратив на Советот на ОБСЕ во Скопје: Запад е виновен за сè

Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, на кој се решаваше за натамошното постоење на организацијата, беше подиум на кој Москва „блесна“ со своите дезинфо наративи и ја потврди длабоката непомирливост со западните демократии. Но, сите руски наративи, искажани преку шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, се сведуваа само на една флоскула: „Западот е виновен за сè“, пишува Вистиномер во својата...

Контраспин: Спин е „купувањето“ на гласовите на пензионерите од страна на ВМРО-ДПМНЕ со 5.000 денари линеарно зголемување

Ветувањето на Мицкоски има елементи на спин зошто нема ниту основно образложение како и од каде ќе се успее да се зголемат основиците на пензиите за 330 милиони евра за една година, а да не се загрози стабилноста на Фондот и генерално на пензискиот систем. Зашто на така зголемените пензии потоа ќе следат нови усогласувања со инфлација и со...

Ирска не донесе одлука да го протера израелскиот амбасадор и да го тужи Израел пред судот во Хаг

Нема никаква официјална одлука на Ирска за протерување на израелскиот амбасадор и за поднесување тужба против Израел пред Меѓународниот суд во Хаг, како што тврди објавата што ја анализираме. Станува збор за барање и повик на лидерката на националистичка партија Шин Фејн, Мери лу Мекдонлад, која одржала жесток говор против Израел, притоа изразувајќи голема поддршка за Палестина. Но, Ирскиот...

Зеленски не кажал дека наскоро ќе го убијат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема изјавено дека наскоро ќе го убијат, туку одговарајќи на прашање на новинарот на „Сан“, кажа дека има сознанија за операција наречена „Мајдан 3“ за која го информирале службите а според која Русија планира промена на претседателот на Украина. Но, Зеленски вели: „Гледате, можеме да живееме со тоа“ и никаде не кажува дека таквата операција...

Сѐ поизвесно е дека Ковачевски нема да ги намали функционерските плати

Со повторената изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека парите од зголемувањето од 78 отсто на платите на функционерите (15 милиони евра на годишно ниво), нема да бидат доволни за да се покријат моменталните синдикални барања, дека треба да се постигне правичност во плаќањето на трудот за секој во државата и дека материјата била сложена – имало 7 закони за...

Со дигитално изменето видео се тврди дека Зеленски пеел на руски јазик

Зеленски не пее во видеото споделено на Фејсбук, а уште помалку пеел на руски, како што се тврди. Видеото е дигитално изменето и неговиот лик е вметнат на местото на украинскиот комичар Васил Бајдак, кој преку оваа песна повикува на донации за украинската војска, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува...

Видео од 2013 година од болница во Египет, претставено дека е од болницата Ал Шифа во Газа

Видеоматеријалот што се споделува на Фејсбук не е направен сега – ноември 2023 година, во болницата во Газа, туку е снимен пред 10 години во болница во Каиро. Видеоматеријалот е погрешно означен поради што во објавата се пропушта контекстот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис...

Македонскиот јазик не е избришан од Гугл

Во пребарувачот Гугл корисниците можат и да пребаруваат на македонски јазик и да добиваат содржини на македонски јазик, а исто така, не е воведена некаква рестрикција со којашто тој се ограничува. Дополнително, на страницата за помош на Гугл, опишани се бројни начини, односно критериуми, според кои пребарувачот, односно неговиот алгоритам одлучува кои резултати ќе ги презентира на корисникот, а...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...