fbpx
Таг: прислушување

таг: прислушување

Заев за албански „Топ ченел“: ДУИ и ДПА се слуги на власта

Двете најголеми партии на Албанците во Македонија се слуги на власта и работат во интерес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави синоќа Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во интервју за албанската телевизија„Топ ченел“, пренесе порталот „МКД.мк“. Во емисијата „Шќип“ на Ридина Џунга, Заев рече дека ДУИ и ДПА се слуги на актуелната власт, која „целосно ги контролира албанските политички партии во Македонија“. Заев...

Полноќна акција за покривање на „Шу праиш“ и на „Ало началниче“

Графитите инспирирани од фразите што ги употребуваат соговорниците во аудиоснимките што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како што преку ноќ се појавија, така преку ноќ беа покриени со други бои за да не може да се види што е напишано. Иако графитите како „Шу праиш“, „Здраво Горде“ и „Ало началниче“ се испишани на места каде што има и други графити кои...

ДОМ бара оставка од јавниот обвинител

ДОМ смета дека политичката криза бара итни мерки за решавање во инстиуциите и оти е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата. „Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Собранието и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии. Потоа треба да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку...

Заев: Еве како Груевски ги мести изборите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција објави прислушувани разговори за, како што рече, манипулација со изборниот процес. - Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните манипулации што го прави Груевски со неколкумина послушници. Ќе чуете како Груевски ги краде и ги мести изборите. Ќе објавиме како се злоупотребени земјоделците, пензионерите, администрацијата... Ќе станете сведоци за нечовечките притисоци со закани за завршување на...

Опозиционерите доставија нови снимки до обвинителството

Пет члена на високите раководства на опозициската коалиција денеска до Jавното обвинитество ги доставија материјалите од нивни прислушувани разговори, како што тврдат, по директива на власта, а како проширување на кривичната пријава за неовластено прислушување што СДСМ ја поднесе пред неколку недели. Професорот и кандидат за претседател на СДСМ на последните претседателски избори, Стево Пендаровски, изрази надеж дека доказите што...

Графити: „Ало началниче“ му води на „Шу праиш“

Аудиоснимките со прислушувани материјали, што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги активираа уметничките форми по ѕидовите, па на повеќе згради во Скопје може да се забележат графити инспирирани од „најсочните“ фрази употребени во „бомбите“ на опозицијата. Изразот на Гордана Јанкулоска „Шу праиш“, кој стана популарен на социјалните мрежи, а доби и свој хаштаг на „Твитер“, е напишан на неколку згради,...

Кој е кој во разговорите на Ставрески и на Јанкулоска

Во аудиоснимките од разговорите помеѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се спомнуваат неколку лица. Еве кусо потсетување кои се тие. Владимир Талески Талески веќе трет мандат е на чело на Општината Битола. Тој е и познат македонски актер, запаметен по улогата Двојче од емисијата за деца „Здраво генијалци“,...

Британска амбасада: Има сериозни тврдења за злоупотреба на моќ

Амбасадата на Велика Британија во Скопје реагираше во врска со масовното прислушување и со објавените снимки од страна на претседателот на опозицијата, Зоран Заев. „Не коментираме прашања во однос на нашите приватни разговори. Сепак, има сериозни тврдења за злоупотреба на моќ, криминални дејства и степен на влијание на македонските тајни служби во политиката, медиумите, судството и во други аспекти на...

МАНУ не сака да биде арбитер, очекува правна разврска на аферата со прислушувањето

Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) нема намера да биде арбитер на некаква политичка разврска по аферата со неовластено преслушување и очекува јавното обвинителство, судот и другите институции да доведат до правна разврска, ја пренесува „Телма“ изјавата на претстедателот на МАНУ, Владо Камбовски, според кој, ова не треба да се смета за молчење туку за став, во ситуација кога...

СЕММ: Прислушувањето на новинарите ја прекршува слободата во изразувањето

Советот за етика во медиумите на Македонија изразува сериозна загриженост по сознанието за прислушувањето новинари, сметајќи дека со тоа се нанесува голема штета и последици врз работата и угледот на новинарите и врз работењето на медиумите воопшто. „Прислушувањето новинари сериозно ја прекршува слободата во изразувањето и во такви услови не може да стане збор за етика во информирањето на јавноста....

Грчева: Најстрашно е што никој не ги демантира снимките

На денешната седница  на Собранието, на која пратеници поставуваа прашања, присуствуваа премиерот Никола Груевски и повеќе министри од Владата. Пратеничката Солза Грчева рече дека е загрижена за распаѓањето на безбедносниот систем. Таа вели дека ова веќе не е политичка криза, туку длабока општествена криза. Грчева го праша премиерот Груевски дали мисли дека никој во Владата не е виновен за распад на безбедносниот...

Чие било увото и кој му наредил да слуша?

Премиерот Никола Груевски вчера, во обраќање пред јавноста, имаше обемно, жестоко и контроверзно објаснување на случувањата во аферата „Пуч“ и на нејзиниот, можеби, главен атрибут - прислушувањето телефонски разговори. Наводите на премиерот (кои подолу ги пренесуваме во целост) за странската служба која стои зад снимените разговори, за начините на кои е тоа направено и за упадот во безбедносниот систем, предизвикаа,...

ЗНМ: Груевски, Јанкулоска и Мијалков да поднесат оставки

„Бараме премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност  и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си поднесат оставки. Без оглед кој го нарачал прислушувањето, никој од надлежните не успеал да нè заштити“, реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Реакцијата на ЗНМ следува по прес-конференцијата на Зоран Заев, на која лидерот на опозицискиот СДСМ објави дека...

Новинарите се згрозени од прислушувањето

Како што објави на денешната прес-конференцијата лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најприслушуван новинар во Македонија од Управата за безбедност и контраразознавање бил сопственикот и уредник на неделникот „Фокус“, Никола Младенов. Но, како што рече Заев, од оправдани причини нема да ги објават разговорите, а ќе постапат на начин за кој ќе одлучи семејството. Денеска, заедно со досието на Младенов, свои разговори подигнаа и...

Заев даде исказ пред обвинителството за неговата пријава, за „Пуч“ уште не го повикале

Нешто повеќе од еден час траеше исказот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред надлежниот јавен обвинител во врска со пријавата што СДСМ ја поднесе против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица за неовластено прислушување. - Бев повикан како сведок, односно оштетена страна по однос на пријавата поднесена од...

Заев во 12 часот ќе дава исказ во обвинителството за пријавата на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во 12 часот, во Основното јавно обвинителство ќе даде исказ како сведок-оштетен во постапката по кривичната пријава што СДСМ ја поднесе за неовластено прислушување. Кривичната пријава е поднесена против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица, за неовластено прислушување.

„Јутјуб“ со бомбата стана најгледана ТВ во Македонија

Прес-конференцијата за вториот дел од „бомбата“, Заев реши да ја пренесе во живо, преку стрим на каналот „Јујтуб“, што во еден момент го гледаа повеќе од 10.000 луѓе. Првиот дел од „бомбата“, Заев исто така ја објави на прес-конференција, но таа не се емитуваше во живо. Откако заврши прес-конференцијата, на официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ беа објавени снимките од прислушуваните разговори, кои...

Груевски најави конкретен одговор за „бомбата“

Премиерот Никола Груевски денеска не сакаше да ги коментира наводите од снимките и обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека токму премиерот е еден од налогодавците за прислушување на телефонски разговори меѓу министри од неговиот кабинет, политичари, новинари, и најави дека во блиска иднина ќе излезе со поконкретни коментари во врска со овие случувања. Груевски потсети на прес-конферецијата на...

МАНУ: Прислушувањето е тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните

Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ) излезе со реакција за прислушувањето. Во соопштението пишува дека иако во недостиг на изворни информации, МАНУ го оценува чинот на прислушување како тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните, особено врз нивното право на приватност и неповредливост на слободата на комуницирање. - Самиот факт дека се непосредно загрозени граѓанските слободи...

Заев: Ќе го објавиме само криминалот

„Материјалот за прислушувањето го добивме во текот на изборите. Додека траеше изборниот процес ми беше најавено. И тогаш се запрепастив. Но, беа потребни четири-пет месеци да објавиме за да се разгледа. Не може веднаш да се објави. Тоа е една од причините - да седнам и јас да го сублимирам материјалот. Не можам на секој во партијата да го...

Хеликоптерот со иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...