fbpx

Заев даде исказ пред обвинителството за неговата пријава, за „Пуч“ уште не го повикале

-

Нешто повеќе од еден час траеше исказот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред надлежниот јавен обвинител во врска со пријавата што СДСМ ја поднесе против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица за неовластено прислушување.

– Бев повикан како сведок, односно оштетена страна по однос на пријавата поднесена од СДСМ. Иако јавно изразивме сомневање и непризнавање на правосудниот систем во Македонија, сакам да истакнам дека пријавата што ја поднесовме е за да оставиме трага, да покажеме дека ги почитуваме Уставот и законите во Mакедонија и да испратиме порака дека знaеме дека дигнитетот на институцијата обвинителство е нарушен само од поединци. Поголемиот дел од луѓето што работат во овие институциите се чесни луѓе, кои чесно си ја извршуваат својата работа. И во тоа име продолжуваме да негуваме надеж дека ќе постапат во согласност со Уставот и со законите на Макеоднија, ниту повеќе, ниту помалку, и со тоа ќе испратат охрабрувачка порака во ова општество. Се надеваме дека довербата во институциите ќе се враќа паралено со „Вистината за Македонија“ – изјави Заев по излегувањето од обвинителството.

Тој не сакаше да коментира детали за исказот пред надлежниот обвинител.

На новинарско прашање дали дал исказ пред обвинителството за случајот „Пуч“, во кој е четвртоосомничен, Заев рече дека досега не бил повикан од обвинителството.

– Не сум правник, но како што знам, сè зависи од тоа кога ќе бидеме повикани како осомничени од јавното обвинителство. Таму сè уште не сме повикани ниту јас, ниту некои од луѓето што ги познавам и што се во притвор. Знам дека ќе одлучат кога ќе имаат доволно докази, засега нема обвинителен акт – рече Заев.

Во врска со откажаната средба на премиерот Груевски и на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, лидерот на СДСМ рече дека како и граѓаните, така и упатените во меѓународните институции знаат што се случува во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...