fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Трамп: Кога ќе станам претседател, ќе протерам стотина илјади луѓе

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, вети дека ќе избрка стотина илјади луѓе без документи првиот ден од својот претседателски мандат. - Првиот ден ќе почнам да ги протерувам криминалните илегални мигранти во оваа земја, а особено тие стотина илјади кои се пуштени на слобода од администрацијата на Обама и на Клинтон – изјави Трамп во Ајова, на собирот што го организираше локалната...

Трамп почна кампања за лошото здравје на Хилари Клинтон

Здравствената состојба на кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, стана нова мета на кампањата на нејзиниот републикански соперник, Доналд Трамп, а многу членови на неговиот изборен тим посегнуваат и по теории на заговор кои дополнително ги подгреваат сомнежите. Трамп во последните неколку дена на своите митинзи повеќепати повтори дека 68-годишната Клинтон „нема физичка и ментална...

ОБСЕ планира да испрати 500 набљудувачи за претседателските избори во САД

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) планира да испрати 500 меѓународни набљудувачи да ги следат претседателски избори во САД, во ноември годинава, што е двојно повеќе во однос на бројот на набљудувачи што беа распоредени за време на изборите во 2012 година, јавува „Ројтерс“. На изборите во САД ќе бидат испратени набљудувачи од огранизацијата за меѓународна безбедност и заштита...

Клинтон именуваше преоден тим во случај да победи

Кандидатката на Демократската партија во трката за Белата куќа, Хилари Клинтон денеска го именуваше преодниот тим за примопредавање на должноста со претседателот на САД, Барак Обама во случај да победи на претседателските избори закажани за ноември. Именувањето на таков тим е вообичаена процедура во американскиот изборен процес и има за цел да ја подготви транзицијата, од изборите во ноември до...

Клинтон ја прифати номинацијата за претседател: Ќе бидеме поголеми од кога и да е

Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на демократите за претседател на САД и во завршниот говор на партиската конвенција повика на единство и на слога. - Светот набљудува што правиме. Да, судбина на Америка е да избираме. Значи, да бидеме посилни заедно, гледајќи во иднината со храброст и со доверба. Да градиме подобро утре за нашите деца и за саканата земја....

Клинтон ја доби номинацијата за претседателски кандидат на демократите

Демократската партија на САД официјално ја номинираше Хилари Клинтон за свој кандидат на претседателските избори, закажани за ноември годинава. Првпат во историјата на САД, фаворит во трката за Белата куќа е жена. Поранешната државна секретарка утре треба официјално да даде согласност дека ќе биде кандидат на демократите на претстојните избори. Клинтон на партискиот конгрес во Филадејфија доби поддршка од мнозинството од делегатите...

Трамп утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател

Неофицијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател на државата на претстојните претседателски избори. Трамп синоќа на „Твитер“ напиша рече дека името на потпретседателскиот кандидат ќе го објави во Њујорк и додаде дека „деталите следуваат“. Тој, неговите повозрасни деца и клучните соработници од почетокот на неделава имаат...

Сандерс ја поддржа Клинтон

Речиси цел месец по последните внатрепартиски избори во Демократската партија, сенаторот Берни Сандерс официјално ја одобри кандидатурата на неговата противничка, Хилари Клинтон, за претседателка на САД. Тој своето официјално одобрување за Клинтон ќе го даде во Њу Хемпшир, каде во текот на внатрепартиската трка го имаа своето прво мерење на силите. Сандерс од почетокот на претседателската кампања беше под голем притисок...

Австрискиот уставен суд ги поништи претседателските избори

Австрискиот уставен суд пресуди дека претседателските избори мора повторно да се одржат. Екстремно десничарскиот кандидат Норберт Хофер изгуби со мала разлика. Хофер, која беше кандидат на Слободарската партија, изгуби за 31.000 гласови од Александер ван дер Белен, поранешен професор по економија, кој ја доби поддршката на Партијата на зелените. Конечното пребројување на гласовите покажа дека Ван дер Белен освоил 50,3 отсто...

Хилари Клинтон со убедлива победа во Вашингтон

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, победи на последните внатрепартиски избори на демократите во Вашингтон и сега подготвено ќе ја чека партиската конвенција, која треба да се одржи кон крајот на јули во Филаделфија. На конвенцијата Клинтон и официјално треба да ја добие номинацијата за кандидат за претседател на САД на Демократската партија. Клинтон на изборите во Вашингтон освоила речиси...

Клинтон прогласи победа, Обама ѝ честиташе

Хилари Клинтон се прогласи за прва жена кандидат за претседател на САД, а претседателот Барак Обама ѝ честиташе на номинацијата. Клинтон на митингот во Њујорк им се заблагодари на сите што гласаа за неа и ѝ помогнаа да дојде до историскиот момент. - Ви благодарам, дојдовме до клучната работа. Првпат во историјата на нашата нација една жена ќе биде кандидат за претседател...

Хилари Клинтон на чекор до кадидатура за претседател на САД

Хилари Клинтон ќе биде првата жена кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави на Демократската партија. Според наводите на „Си-ен-ен“, Клинтон ја освои претседателската номинација на Демократската партија. По одличните резултатите во Порторико во неделата и поддршката на суперделегатите, Клинтон беше на добар пат да ја освои номинацијата. Таа обезбеди 1.812 гласови на делегатите и 572 гласови на суперделегатите, што е вкупно 2.384 делегати,...

Кремљ: Не навиваме ниту за Трамп ниту за другите

Москва не се меша во внатрешните прашања на САД и нема да ја слави победата на ниту еден од кандидатите на претседателските избори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. По повод изјавата на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, дека ако победи републиканецот Доналд Трамп, ќе биде празник во Кремљ, Песков запраша зошто тоа би било празник. - Навистина не го...

Трамп доби доволно делегати за номинација за претседател на САД

Милијардерот Доналд Трамп го достигнал потребниот број на делегати потребни за да биде избран за кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, јавуваат светските агенции. Трамп, според информациите, има 1.238 делегати, еден повеќе од што е потребно за да ја добие кандидатурата на партиската конвенција која треба да се одржи во јули во Охајо. Според правилата, потребно е мнозинство од...

Александер ван дер Белен e избран за претседател на Австрија

Независниот кандидат, Александер ван дер Белен, е избран за претседател на Австрија, јави „Би-би-си“, повикувајќи се на извори од Виена каде се чека официјалното објавување на резултатите од вториот круг на претседателските избори. Во меѓувреме, кандидатот на екстремната десничарска Слободарска партија, Норберт Хофер, призна пораз на изборите. Претходно беше соопштено дека Хофер бил во незначителна предност пред својот противник Ван дер...

Кејсик се откажа, Трамп останува републикански кандидат за претседател

Милијардерот Доналд Трамп обезбеди републиканска номинација за претседателски кандидат, јавуваат американските медиуми. Сенаторот од Охајо, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од трката, што значи дека Трамп повеќе нема партиски противкандидати, пишува „Би-би-си“. Во редовите на републиканците, по објавата на веста настана општ хаос, па многумина на социјалните мрежи порачаа дека ќе се откажат од републиканското членство, палејќи ги партиските книшки. Други,...

Круз и Кејсик заедно против Трамп

Штабовите на Тед Круз и на Џон Кејсик, кандидати за републиканска претседателска номинација, соопштија дека почнуваат заедничка стратегија за да оневозможат Доналд Трамп да добие номинација. Штабовите на Круз и на Кејсик издале соопштенија во кои се наведува дека Круз ќе ги фокусира ресурсите за победа во Индијана, додека Кејсик ќе се фокусира на западните држави, меѓу Орегон и Њу Мексико. Трамп...

„Економист интелиџенс јунит“: Трамп е закана за светската економија и безбедност

Угледната британска истражувачка организација „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ) предупреди дека ако Доналд Трамп стане претседател на Америка, тоа може да ја загрози светската економија, да ја зголеми заканата од исламистички терористички напади и да ја разгори трговската војна на САД со Мексико и со Кина. ЕИУ заканата што ја претставува Трамп ја оцени со 12 на скалата до 25, односно со иста оцена...

Сандерс ја порази Клинтон во Мејн

Берни Сандерс ја победи Хилари Клинтон на предизборите во сојузната американска држава Мејн, во трката за кандидатура на демократите за претседателските избори на 8 ноември, јавува „Би-би-си“. По преброените 91 отсто од гласовите, сенаторот од Вермонт, Сандерс, води со 64 отсто, додека поранешната државна секретарка добила 36 отсто од гласовите. Во републиканскиот табор, Марко Рубио без поголеми проблеми го победил Доналд...

Сандерс и Трамп го освоија Њу Хемпшир

Доналд Трамп и Берни Сандерс, кандидатите на републиканците и на демократите, поприлично ја растресоа трката за кандидат за претседателските изброи, со своите победи во државата Њу Хемпшир. Тоа е нивен прв триумф во кампањата за освојување кандидатура за републикански, односно демократски кандидат на ноемвриските избори за претседател на САД. Берни Сандерс, сенатор од Вермонт, кој ја победи Хилари Клинтон, порача...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...