fbpx

Сандерс ја поддржа Клинтон

-

Речиси цел месец по последните внатрепартиски избори во Демократската партија, сенаторот Берни Сандерс официјално ја одобри кандидатурата на неговата противничка, Хилари Клинтон, за претседателка на САД.

Тој своето официјално одобрување за Клинтон ќе го даде во Њу Хемпшир, каде во текот на внатрепартиската трка го имаа своето прво мерење на силите.

Сандерс од почетокот на претседателската кампања беше под голем притисок на демократите, но успеа да ја смени политиката на партијата, но и на Клинтон. Истражувањето на Демократската партија, објавено на 1 јули, покажува дека Сандерс има значително влијание.

Минатата среда Клинтон, исто така, се „помести кон лево“, предлагајќи студентите, чии семејства заработуваат помалку од 125.000 долари годишно, да бидат ослободени од школарина на државните универзитети, што беше едно од централните прашања во кампањата на Сандерс. Тој го пофали ваквиот потег на Клинтон, велејќи дека тоа ќе има големо влијание на САД.

Клинтон, исто така, предложила проширувања на правата за здравствена заштита, што беше важно прашање за Сандерс.

Поранешните соперници во трката за претседател во последниот месец работеа на обединување и на создавање заедничка политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...