fbpx

Сандерс и Трамп го освоија Њу Хемпшир

-

Доналд Трамп и Берни Сандерс, кандидатите на републиканците и на демократите, поприлично ја растресоа трката за кандидат за претседателските изброи, со своите победи во државата Њу Хемпшир. Тоа е нивен прв триумф во кампањата за освојување кандидатура за републикански, односно демократски кандидат на ноемвриските избори за претседател на САД.

Берни Сандерс, сенатор од Вермонт, кој ја победи Хилари Клинтон, порача дека тоа покажува дека граѓаните сакаат вистински промени.

Њу Хемпшир е втора држава во која се гласа за претседателски кандидати, по Ајова каде победија Тед Круз од редовите на републиканците и Клинтон од претставниците на демократите.

Клинтон му честитала на Сандерс, а во својот говор истакнала дека ќе ја продолжи кампањата и оти ќе се бори за секој глас. Следните гласања се во Јужна Каролина и во Невада. Сандерс во однос на Клинтон остварил двоцифрена предност, иако според анкетите во Њу Хемпшир води веќе се месеци.

Истовремено, победата на Трамп првпат е показател за широката поддршка што ја ужива њујоршкиот бизнисмен.

Трамп му честиташе на кандидатот на демократите, Сандерс, а потоа во свој стил прокоментора дека „Сандерс планира да ја предаде својата земја“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...