Москва не се меша во внатрешните прашања на САД и нема да ја слави победата на ниту еден од кандидатите на претседателските избори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
По повод изјавата на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, дека ако победи републиканецот Доналд Трамп, ќе биде празник во Кремљ, Песков запраша зошто тоа би било празник.
– Навистина не го разбирам прашањето, така што нема што да одговорам – рече Песков, кој додаде дека Русија не се меша во внатрешните прашања на другите земји и дека најдобар кандидат е тој што ќе добие најмногу гласови, без разлика на чудните особини на изборниот систем во САД.
– Дозволете ми да ве потсетам на основниот став на претседателот Владимир Путин по ова прашање. Русија има една особина по која се разликува од многу земји: никогаш не се мешаме во внатрешните прашања на другите земји – рече Песков.