fbpx

Хилари Клинтон на чекор до кадидатура за претседател на САД

-

Хилари Клинтон ќе биде првата жена кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави на Демократската партија.

Според наводите на „Си-ен-ен“, Клинтон ја освои претседателската номинација на Демократската партија.

По одличните резултатите во Порторико во неделата и поддршката на суперделегатите, Клинтон беше на добар пат да ја освои номинацијата.

Таа обезбеди 1.812 гласови на делегатите и 572 гласови на суперделегатите, што е вкупно 2.384 делегати, еден повеќе од потребниот број за номинација.

И агенцијата „Асошиејтет прес“ објави дека според нивните податоци, Клинтон освои доволен број гласови за да влезе во трката за претседател на САД.

„Поласкани сме, но имаме уште внатрешни избори кои мораме да ги освоиме“, напиша Клинтон на „Твитер“.

Нејзиниот партиски ривал Берни Сандерс ја осуди прераната информација на медиумите, навдувајќи дека Клинтон не може да се смета за победничка во трката за номинацијата пред конвенцијата во Филаделфија на крајот на јули.

Сандерс има околу 800 гласови помалку од Клинтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...