fbpx
Таг: починати

таг: починати

Втора жртва од корона вирусот, почина 63-годишен пациент од Дебар

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од корона вирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. „Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на...

Расте бројката на заразени во светот, се воведуваат сѐ порестриктивни мерки

Состојбата со новиот корона вирус во Европа и во светот ескалира, со огромен пораст на бројката на заразени и хоспитализирани, откако Македонија го забележа првиот смртен случај. Бугарија, според официјалното соопштение од утрово, има 190 случаи, Македонија според официјалното соопштение има прв смртен случај, а до вчера до пладне 114 заразени. Новата бројка на заразени треба да биде соопштена денеска...

Прва жртва од корона вирусот, почина 57-годишна кумановка, вкупно 114 заразени во целата земја

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека 57-годишна жена од Куманово е првата жртва од корона вирусот во Македонија. Докторите од Општата болница во Куманово постапиле според протоколот и направиле два иницијални теста на корона вирусот, кои пак покажале дека жената е негативна. И покрај ова, жената била лекувана во изолација во текот на минатата недела...

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, и не се дозволува ниту...

Во Бугарија 16 нови случаи со корона вирус – заразени и деца на 4, 7 и 11 години

Официјална Софија во текот на ноќта објави дека се регистрирани нови 16 случаи со новиот корона вирус, а утрово не се регистрирани нови случаи. Бројката на нови случаи расте и во светот. Парламентот на Бугарија денеска објави вонредна состојба која ќе трае до 13 април. Во случаите од ноќеска има и три деца на 4, 7 и 11-годишна возраст. На две...

Бројката на починати во светот од новиот корона вирус се зголеми на над 3.000

Новиот корона вирус Covid-19 е веќе присутен во над 60 земји, со над 88.000 заразени луѓе низ целиот свет, освен на Антарктикот. Според најновите податоци, досега починале повеќе од 3.000 луѓе. Бројот на заразени со корона вирусот се зголемува во Италија, а Франција го затвори светски познатиот музеј Лувр. Австралија и Тајланд во неделата ги објавија првите смртни случаи, додека Доминиканската...

Вакцина против корона вирусот ќе биде тестирана до крајот на април

Вакцината против коронавирусот ќе биде тестирана кон крајот на април, најавија кинеските власти. Во последните 24 часа бројот на заразени од новиот вирус достигна вкупно 75.465 лица, а билансот на жртвите изнесува 2.236, откако се регистрирани уште 118 починати. Повеќе од илјада случаи на заболени и 11 починати лица се потврдени надвор од континенталниот дел на Кина.

Во Кина досега 1.016 починати од корона вирусот

Последниот биланс од епидемијата на корона вирусот во Кина е 1.016 починати и 42.638 заразени лица, јавуваат светските медиуми. Покрај во Кина, потврдени случаи на корона вирусот досега има во Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Малезија, Виетнам, Австралија, САД, Германија, Русија, Франција, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Канада. Воедно, првите случаи на корона вирусот веќе се потврдени и...

Опаѓа бројот на новороденчиња – во вториот квартал за 10,6 отсто помалку од лани

Продолжува трендот на намалување на бројот на родени деца во земјава, кој се јавува паралелно со порастот на бројката на починати лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во второто тримесечје од годинава изнесувал 4.693, што претставува намалување од 10,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Статистичарите пресметале дека паралелно се зголемува...

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. - Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на вирус, којшто предизвикува сериозни компликации,...

За една седмица, осум смртни случаи поврзани со грип

Во текот на изминатата седмица, регистрирани се осум смртни случаи асоцирани со грип, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму појаснуваат дека се работи за пет лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци. „Возраста на починатите се движи од 12 до 70 години. Кај седум лица е утврдена претходна хронична болест/ко-морбидитет. Кај сите починати е докажан...

Истрагата на местото на несреќата продолжува, во тек е обдукција на загинатите (галерија)

Билансот од вчерашната страотна сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, до сега е 14 загинати и триесетина повредени од кои седуммина потешко. Истрагата на местото на несреќата продолжи и денеска, а во Институтот за судска медицина се врши обдукција на загинатите и нивна идентификација. Детали за несреќата од страна на Јавно обвинителство се очекуваат денеска или утре. Возачот на автобусот е пуштен...

Потона брод во Јужна Кореја, 13 лица загинаа

Крајбрежната стража на Јужна Кореја соопшти дека 13 лица загинаа, а две лица се водат како исчезнати откако рибарски брод се судрил со брод за дополување гориво. По сударот, рибарскиот брод потонал, а на него имало 22 лица, од кои седуммина биле спасени. Голем број хеликоптери се вклучени во потрагата по исчезнатите. Секоја година во Јужна Кореја се случуваат голем број бродски несреќи. Пред три...

Тајфунот Демри усмрти 44 лица во Виетнам

Силниот тајфун што го погоди Виетнам однесе најмалку 44 животи и предизвика голема материјална штета долж јужниот и централниот брег на оваа азиска земја. Властите наведуваат дека 19 лица се водат како исчезнати по налетот на тајфунот Демри во саботата, вклучувајќи и деветчлен екипаж на товарен брод кој потонал кај покраината Нањ Хоа. Повеќе од 116.000 куќи се урнати или оштетени откако...

Во Нигерија од колера починале 14 лица

На североистокот на Нигерија од колера починале 14 лица, а жртвите претежно биле раселени лица во прифатни центри кои побегнале поради насилствата на Боко харам. Нигериското министерство за здравство соопшти дека до 1 септември умреле 14 лица и додаде дека околу 180 лица се заразени со колера. Колерата е многу заразна болест од која може да се умре за неколку часа доколку...

Тројка бебиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство

Три новороденчиња починале вчера на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, соопшти Министерството за здравство. Како што инфромираат оттаму, завчера на Клииката била хоспитализирана пациентката И.М., поради болки во стомакот, која истиот ден била породена со царски рез во 27-та недела од бременоста со тројка. Новороденчињата биле прифатени од педијатар и акушерка во операционата сала, по што била извршена примарна реанимација...

Едно лице почина во автобуската несреќа, a 28 се хоспитализирани

Едно лице им подлегна на повредите, а 28 се хоспитализирани поради тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Велес-Скопје, информираат од Министерство за здравство. На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“, се примени шест лица, од кои еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна...

Извршена е дератизација и дезинфекција во Симница по двата смртни случаи

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на 26 јули одржала итна седница поради двата смртни случаи од вирусна хеморагична треска, соопшти денеска Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека стручен тим извршил епидемиолошки увид, анкета на домаќинствата на починатите, притоа е извршена дезинфекција и дератизација во домовите и во околината на починатите лица, земени се мостри од водата за...

Таравари го смирува членството на ВМРО-ДПМНЕ и му порачува да не крева паника

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска од САД им одговори на ВМРО-ДПМНЕ на барањето за оставка, порачувајќи им да престанат да шират паника. „Одлучив да одговорам на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, за моја оставка, поради тоа што сфатив дека не ја разбрале ситуацијава како што треба. Членовите на оваа партија, пред сè, ги гледам како граѓани на Македонија и имам должност...

ВМРО-ДПМНЕ: Две лица починаа поради негрижата на владата на Заев

За неполни два месеци владата на Зоран Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин, но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат. Владата на СДС единствено се залагаше оваа вест да не стигне до македонската јавност,...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...