fbpx

Истрагата на местото на несреќата продолжува, во тек е обдукција на загинатите (галерија)

-

Билансот од вчерашната страотна сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, до сега е 14 загинати и триесетина повредени од кои седуммина потешко.

Истрагата на местото на несреќата продолжи и денеска, а во Институтот за судска медицина се врши обдукција на загинатите и нивна идентификација. Детали за несреќата од страна на Јавно обвинителство се очекуваат денеска или утре. Возачот на автобусот е пуштен на домашно лекување, а земена е и првична изјава.

Денеска и утре се денови на жалост, и се откажани бројни културни манифестации како и прослави за Св.Трифун.

Општина Гостивар денеска одржува комеморативна седница, бидејќи најголем дел од починатите и повредените се од таму. Сообраќајната несреќа е тема во регионалните медиуми, а телеграми со сочувство пристигаат од сите земји во регионот и пошироко.

Повредените денеска ги посети и премиерот Зоран Заев, како и министерот за здравство Венко Филипче кој ја следи состојбата на повредените кои се лекуваат на неколку клиники.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...