fbpx

Извршена е дератизација и дезинфекција во Симница по двата смртни случаи

-

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на 26 јули одржала итна седница поради двата смртни случаи од вирусна хеморагична треска, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека стручен тим извршил епидемиолошки увид, анкета на домаќинствата на починатите, притоа е извршена дезинфекција и дератизација во домовите и во околината на починатите лица, земени се мостри од водата за пиење, извршена е едукација за лични превентивни мерки и совет за јавување на лекар при појава на први симптоми на болест.

Од анкетата со семејствата, добиена е информација дека починатите и поголем дел од семејството работеле и често престојувале на свое приватно бачило. Експертски тим излегол на терен и го посетиле бачилото во месноста наречена Буковиќ, во близина на преминот Стража.

„На бачилото не се затекнати ниту лица ниту овци. Извршена е дезинфекција во затворениот објект, во отворениот објект и во неговата непосредна околина како во близина на магацинот. Исто така, дезинфекција беше направена и на пошироката околина во самиот ограден простор и околу него“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Од министерството соопштуваат дека Институтот за јавно здравје подготвил брошура за здравствените работници, но и за општата популација за едукација во врска со вирусните хеморагични грозници. Брошурата е објавена на веб-страницата на ИЈЗ, а е доставена и до центрите за јавно здравје за споделување со матични лекари и со други здравствени работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...