fbpx

Таравари го смирува членството на ВМРО-ДПМНЕ и му порачува да не крева паника

-

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска од САД им одговори на ВМРО-ДПМНЕ на барањето за оставка, порачувајќи им да престанат да шират паника.

„Одлучив да одговорам на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, за моја оставка, поради тоа што сфатив дека не ја разбрале ситуацијава како што треба. Членовите на оваа партија, пред сè, ги гледам како граѓани на Македонија и имам должност во случај на паника да ги смирам. Другите граѓани на земјава ја разбрале состојбава и сфатиле дека сè е под контрола и одлучија да им веруваат на изјавите на армијата лекари. Не знам зашто поединци не можат да се смират“, напиша Таравари на својот профил на „Фејсбук“.

Таравари уште еднаш повторува дека трагичната случка со два смртни случаи од Гостиварско е резултат на акутна вирусна инфекција и е под контрола и дека седумте лица што биле во контакт со веќе починатите, се изолирани. Тој наведува дека лекарска должност е да им се помогне на сите.

„Потенцирам дека лекарите за разлика од луѓето на законот (судиите), треба да им помогнат на сите, а што е се однесува до законот, не можеме да ви помогнеме, секој ќе си одговара за тоа што го сторил во 11-годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ, за добро или за лошо“, напиша Таравари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...