fbpx
Таг: починати

таг: починати

Еден од починатите на Инфективна најверојатно имал корејска хеморагиска треска

Постариот од двајцата пациенти од Гостиварско кои починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, за што вчера информираше Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, е жртва на вирусот хантаан, односно корејска хеморагиска треска, дознава неофицијално „Мета“ од извори во здравствените институции. Во очекување на резултатите од анализите, односно официјална потврда за причините за смртта на двајцата пациенти,...

Пет лица починале од високите температури во Бугарија

Пет лица починале вчера од топлото време, со екстремно висока температура во Бугарија. Температурата на одделни места во земјата достигнала до 44 Целзиусови степени, јавуваат бугарските медиуми. Меѓу починатите бил и 75-годишен маж, кој излегол да трча во паркот во Софија и починал на самото место. Екипите на итната помош во Софија вчера интервенирале на околу 200 повици од граѓани, а...

Наместо во капела, погребник од Охрид ги оставал покојниците во комбе во двор

Сопственик и управител на погребалното претпријатие „Мирен сон“ со Охрид, подолг период починатите лица наместо да ги остава во капела ноќта пред погребот, ги чувал во комбето паркирано во дворот на неговото претпријатие. Поради тоа СВР Охрид против 51-годишниот Д.Ш. поднесе кривична пријава за несовесно работење во служба. Иако не плаќал за чување на покојниците во капела, тој по погребот...

Надлежната комисија не нашла пропусти во случајот со починатите во брзата помош

Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство тврди дека немало лекариски пропусти во лекувањето и при транспортот на двајцата пациенти од Крива Паланка, кои, кон средината на овој месец, починаа во возило на брза помош на кое му откажаа сопирачките, пренесува „Телма“. Комисијата беше формирана од Министерството за здравство за да го испита случајот. Комисијата, повикувајќи се на документацијата...

За два дена повеќе од 100 лица починале од глад во Сомалија

Премиерот на Сомалија, Хасан Али Каире, денеска соопшти дека во последните 48 часа 110 лица умреле од глад само во регионот Бај и дека ваква опасност им се заканува на милиони луѓе во земјата, јавуваат светските агенции. Станува збор за прв извештај за луѓе починати од глад, откако во вторникот Сомалија прогласи национална катастрофа поради сушата што им се заканува на...

Две деца неделава починале од грип, соопшти ИЈЗ

Во текот на оваа недела регистрирани се два смртни случаи „асоцирани со грип“, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој го презентираше извештајот за состојбата со грипот во период од 1 до 8 јануари. Според извештајот, станува збор за деца на возраст од три и од четири години од Кичево и од Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за...

Полска: Шест лица починале од студ во последните 24 часа

Во последните 24 часа, во Полска од премрзнување починале шест лица, јавуваат светските агенции. Со ова вкупниот број на починати лица од студ, од ноември до сега, во земјата се искачил на 71 лице, соопштиле полциските власти. Полицијата упатила апел до граѓаните на земјата да им помогнат на најзагрозените, особено на бездомниците, имајќи ја предвид екстремно ниската температура во Полска, која е...

Во Албанија од грип починале четири лица

Грипот во Албанија усмрти четири лица кои биле хронично болни, јавуваат албанските медиуми. – Регистрирани се четири жртви на грипот. Станува збор, главно, за хронично болни лица. Компликациите од грипот може да предизвикаат фатални последици по животот, при што најризична група се хронично болните, односно лицата што боледуваат од хронична пневмонија, кардиоваскуларни заболувања и од дијабет - вели пневмологот Арјан Мезини. До 31 декември,...

Пакистан: Најмалку 26 лица починале од отровен алкохол

Најмалку 26 лица од областа Пенџаб, во источниот дел на Пакистан, починале, а дванаесетмина се тешко болни откако пиеле отровен алкохол во неделата за Божиќ, соопштиле локалните власти, пренесува „Би-би-си“. Починатите, од кои 24 биле христијани, а двајца муслимани, консумирале домашна ракија, која ја набавиле од засега непознато место. Полицијата почнала истрага за да открие каде бил направен и продаден...

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени при експлозија на товарен воз во Бугарија

Најмалку седум лица загинаа, а хоспитализирани се 25 повредени по несреќата во која товарен воз со течен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино на североистокот на Бугарија, соопшти бугарската полиција. Според пишувањата на бугарските медиуми, бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, се упатил кон тоа село и апелирал граѓаните да даруваат крв во болницата во местото Шумен,...

Двајца бегалци прегазени пред  бегалскиот камп Ореокастро во Солун

Нова бегалска трагедија се случи во бегалскиот центар Ореокастро во Солун. Една Сиријка и нејзиното малолетно дете загинаа во сообраќајна несреќа, кога возилото на грчки возач удри во нив на патот надвор од бегалскиот камп. Полицијата веднаш го приведе и го уапси 76-годишниот возач, а неколку моменти пред апсењето, човекот успеа за влакно да избегне линч од групата гневни...

Пронајдени тела на 22 мигранти во чамец во Медитеранот

Тела на 21 жена и на еден маж се пронајдени во чамец кој превезувал мигранти преку Медитеранот, соопшти хуманитарната организација „Лекари без граници“. Организацијата навела дека повеќе од 200 преживеани се спасени од гумен чамец и се префрлени на еден од бродовите на организацијата. Групата соопшти дека телата на настраданите долго се наоѓале во чамецот. Други детали не се соопштени.

Клиника за гинекологија: Бројките за смртност на новороденчиња се вадат од контекст

Бројките за смртноста на новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, изнесени во јавноста, се вадат од контекст, изјавија денеска на прес-конференција лекари од Клиниката. Според раководителот на онколошкото одделение на Клиниката, д-р Драган Тантуровски, бројките што се презентираат треба да бидат направени врз основа на едногодишна или повеќегодишна статистичка обработка. - Многу е лошо кога се вадат од контекст одредени бројки....

Двајца алпинисти починале од висинска болест на Монт Еверест

Двајца алпинисти, од Холандија и Австралија починале, најверојанто од висинска болест, додека се спуштале од планинскиот врв Монт Еверест, јавуваат светските медиуми. Ерик Арнолд (35), кој се жалел на исцрпеност, починал во петокот вечерта, додека Австралијанката Марија Старјдом, која имала симптоми на висинска болест, починала вчера попладне. Двајцата биле дел од истиот експедициски тим. Според информациите, уште 30 алпинисти имаат...

Жолтата треска усмрти 225 лица во Ангола

Вирусот жолта треска однесе најмалку 225 животи во Ангола, а досега се регистрирани околу 1.600 заболени, соопшти синоќа во Луанда анголскиот министер за здравство, Луис Самбо. Министерот, по средбата со претставниците на Светската здравствена организација, рече дека тропската болест е регистрирана во 16 од вкупно 18 провинции на земјата и оти се неопходни лекови, вакцини и зголемен медицински персонал за...

Вирусот зика усмрти три лица во Венецуела

Три лица починаа во Венецуела од компликации предизвикани од вирусот зика, соопшти венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во телевизиското обраќање, Мадуро рече дека во Венецуела се регистрирани 319 случаи на вирусот зика и оти починатите се првите жртви на вирусот и тоа на глобално ниво. Мадури наведе дека 68 пациенти со компликации се наоѓаат на интензивна нега и истакна дека на Венецуела...

Единаесет лица починаа од свински грип во Ерменија

Вирусот свински грип, кој се појави во Ерменија, усмрти 11 лица во последните два месеца. Министерот за здравство, Армен Мурадиан, соопшти дека последната жртва е 61-годишно лице, а повеќе од 90 пациенти се на лекување во болниците. Школскиот распуст е продолжен за уште една недела. Сепак, не е прогласена епидемија.

Две лица починале во новогодишната ноќ во Охрид

Едно машко лице, чиј идентитет засега е непознат, пронајдено е мртво во центарот на Охрид, додека друго починало во приградска населба, откако возејќи велосипед го удрил возач со патничко возило. Починатото лице во центарот на Охрид рано утрово го забележале полициски службеници, во близина на кафе-барот „Табана“ на улицата Цар Самоил. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција...

Во Истанбул починаа 18 лица од труење со алкохол

Најмалку 18 луѓе починаа, а околу 15 се во тешка здравствена состојба поради труење со токсичен алкохол во Истанбул, јавува турската новинска агенција „Анадолија“. Во изминативе десетина дена се хоспитализирани речиси 90 луѓе, кои добиле труење откако консумирале ракија во која е откриено дека имало метил алкохол. Полицијата досега привела околу 20 лица, осомничени за производство на токсичен алкохол во сиромашните квартови...

Мајка и бебе починаа во медицинскиот центар во Гевгелија

Ноќеска, околу 23 часот, на гинеколошкото одделение во гевгелиската болница починале мајка и бебе. Родилката имала 32 години и се породувала со царски рез. Породувањето го вршеле двајца гинеколози, анестезиолог и помошен персонал. Веста ја потврди директорот на болницата во Гевгелија, Сретко Јованов. Тој рече дека веднаш била повикана полицијата, која извршила увид заедно со јавен обвинител од Велес. По налог на обвинителот,...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...