fbpx

Вирусот зика усмрти три лица во Венецуела

-

Три лица починаа во Венецуела од компликации предизвикани од вирусот зика, соопшти венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во телевизиското обраќање, Мадуро рече дека во Венецуела се регистрирани 319 случаи на вирусот зика и оти починатите се првите жртви на вирусот и тоа на глобално ниво.

Мадури наведе дека 68 пациенти со компликации се наоѓаат на интензивна нега и истакна дека на Венецуела ѝ се потребни лекови за лекување на овие пациенти. Тој додаде дека во период од 5 ноември до 8 февруари во Венецуела се пријавени 5.221 случај на зика и им се заблагодари на владите и на амбасадите на Индија, Куба, Кина, Иран и на Бразил за поддршката во обезбедување лекови и друг вид помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.