fbpx

Две лица починале во новогодишната ноќ во Охрид

-

Едно машко лице, чиј идентитет засега е непознат, пронајдено е мртво во центарот на Охрид, додека друго починало во приградска населба, откако возејќи велосипед го удрил возач со патничко возило.

Починатото лице во центарот на Охрид рано утрово го забележале полициски службеници, во близина на кафе-барот „Табана“ на улицата Цар Самоил.

По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот, додека на местото каде било забележано телото, извршен е увид во присуство на јавен обвинител и на полициски екипи.

СВР од Охрид презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.

Во сообраќајна несреќа што синоќа се случилa во приградската населба Радојца Новичиќ во Охрид, повредениот Здравко Н. (62) бил веднаш пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде починал од добиените тешки телесни повреди.

На возачот на автомобилот Ќ.Н. (53) од Охрид било извршено алкотестирање, при што биле утврдени 1,08 промили алкохол во крвта.

На местото на сообраќајната несреќа, бил извршен увид во присуство на јавен обвинител и на полициски екипи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...