Таг: парно греење
таг: парно греење
ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на скопските топлани
АД Електростопанско на Северна Македонија (ЕСМ) и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите кои се во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје.
„Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ“, се...
Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално
По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет 2022/2023 г., при што, посебен акцент...
ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград
С. Македонија и Србија разговараат за договор за снабдување на земјава со природен гас за непречено функционирање на комбинираната електрана ТЕ-ТО во Скопје. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО и скопските топлани во...
Владата одобри 18 милиони евра за непречено греење на Скопје
Владата вчера соопшти дека одобрила 18 милиони евра, односно 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Северна Македонија“ за набавка на енергенси пред почетокот на грејната сезона во Скопје. Во соопштението не е прецизирано за кои енергенси станува збор, само се вели дека со овие средства ќе се осигура дека скопјани ќе имаат топли радијатори за време на грејната...
Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да произведува топлинска енергија
Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да ја врши дејноста производство на топлинска енергија, децидни се од Регулаторната комисија за енергетика и од Владата.
Од Регулаторна комисија прецизираа дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е...
Битиќи: Скопје ќе има парно, иако нема избрано нов економски оператор
Скопје ќе има парно греење, а БЕГ, иако му се одземени лиценците, мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, се додека не се избере нов економски оператор. Компанијата мора да има резерви на гас и други суровини за да обезбеди непречена услуга кон домаќинствата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој посочи дека БЕГ и ЕСМ имаат...
Бектеши повтори дека БЕГ треба да ги сторнира августовските сметки за парно
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека Балкан Енерџи Груп (БЕГ) ќе мора да ја послуша одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) и да ги сторнира августовските сметки за парно греење кои веќе им се испратени на корисниците во Скопје. БЕГ има обврска да им испрати нови сметки на потрошувачите за август.
Тој потсетува дека...
БЕГ: Владината одлука за субвенции за парно истече на 30 април, парите не се исплатени од февруари
Од БЕГ-Снабдување реагираат во врска со денешната прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика, на која претседателот Марко Бислимовски побара БЕГ да ги сторнира сите сметки за август на корисниците на парно греење во Скопје и да се изготват нови сметки, во кои ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на владата.
„Услугата снабдување со топлинска енергија...
Регулаторна бара БЕГ да ги повлече августовските сметки за парно, кои пораснаа за 40 отсто
Августовските сметки за парно греење испратени од Балкан Енерџи Груп (БЕГ) им предизвикаа главоболки на граѓаните, поради огромниот раст - за околу 40 отсто - на сумата што треба да ја платат. Веќе два дена реагираат на зголемувањето, па така на пример оние домаќинства коишто во април и мај добивале сметки за парно од 1.410 денари, во август им...
Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?
Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите...
Владата го задолжи АД ЕСМ да основа компании што ќе го заменат БЕГ во испораката на парно греење во Скопје
Владата на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ - Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје. Електростопанство на Северна Македонија ќе биде основач и единствен содружник на друштвата, а ваквиот чекор следи откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) ги...
Скопјани нареднава зима нема да бидат оставени без парно греење, но прашање е кој ќе затоплува [инфографик]
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона.
Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека одземањето на лиценците не значи...
Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила
Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола - Битола, Новаци и Могила.
„Првите цевки се поставени на излезот од РЕК Битола кон Новаци, и...
Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има парно
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска извести дека грејната сезона во Скопје завршува денеска, но и тие и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април.
„Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го...
Регулаторна: Ако парното недоволно загрева, сметката треба да биде пониска
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) соопшти дека според Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, ако парното греење е недоволно, корисниците треба да добијат пониски сметки. За тоа да се случи, првин е потребно корисниците да добијат решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака...
Владата ќе префрли 6 милиони евра на АД ЕСМ за да се покријат трошоците за парно греење во Скопје
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе добие 6 милиони евра од владата за да се покријат плаќањата на трошоците што произлегуваат од разликата меѓу реалната цена и постојната цена за парното греење на корисниците во Скопје.
Тој додаде дека овој износ е проекција на АД ЕСМ, нивната подружница ЕСМ-Енергетика која...
ЕСМ утре го презема управувањето со парното од БЕГ и Скопје Север
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) од утре го презема управувањето со топлинска енергија во Скопје. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека денеска попладне ЕСМ ќе го достави на владина седница предлог-договорот за соработка со БЕГ и треба да биде склучен договорот, за од утре државната компанија да го преземе управувањето со БЕГ, но и со АД...
Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот
Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 04 јануари 2022 година објави соопштение преку кое...
ЕСМ следната недела ги презема БЕГ и Топлификација Север, парно ќе има до еден часот по полноќ
ЕСМ следната недела официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и Топлификација Север. Како што информираше денеска компанијата согласно со Уредбата што вчера ја донесе Владата, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија. Ќе бидат преземени трите субјекти на БЕГ, Производство, Дистрибуција и Снабдување и Топлификација АД Скопје Север,...
Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака на топлинска енергија
"Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен. Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија", извести министерот за економија, Крешник Бектеши.
Согласно оваа Уредба...