fbpx

Бектеши повтори дека БЕГ треба да ги сторнира августовските сметки за парно

-

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека Балкан Енерџи Груп (БЕГ) ќе мора да ја послуша одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) и да ги сторнира августовските сметки за парно греење кои веќе им се испратени на корисниците во Скопје. БЕГ има обврска да им испрати нови сметки на потрошувачите за август.

Тој потсетува дека БЕГ веќе нема важечки лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија од РКЕВУ и дека граѓаните на Скопје ќе имаат нов снабдувач, за што веќе е и распишан јавниот повик.

Во однос на сметките за парно греење, Бектеши појаснува дека проблемот е во БЕГ, кој ги нема порамнето сметките со АД Електростопанство на Северна Македонија.

„Иако официјално испорачувач на топлинската енергија е БЕГ, преку ЕСМ ние влеговме како менаџирање и организација, тие како БЕГ имаат обврски кон ЕСМ и е предвидено со завршната сметка што ќе се достави наредна година за цела оваа година, да има порамнување. БЕГ му должи одредени средства на ЕСМ, тие ќе треба да ги порамни, и тогаш ќе може да ја добие таа директна субвенција од владата“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека целта на владата е да ги заштити буџетските корисници, буџетот на државата, а секако и граѓаните и потрошувачите.

Од БЕГ вчера излегоа со соопштение, во кое тврдат дека владината одлука за субвенционирање на сметките за парно греење на граѓаните е истечена на 30 април годинава и владата не донела нова одлука. Тие додадоа и дека за периодот од февруари до април годинава не им се исплатени субвенции во висина од 99,6 милиони денари, односно субвенциите доделени за граѓаните им се на товар на компанијата.

Како што веќе пишуваше Мета.мк вчера, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука БЕГ да ги сторнира августовските сметки за парно греење и да им испрати нови сметки на граѓаните во кои се вкалкулирани и владините субвенции.

Инаку, БЕГ изминативе денови им предизвика главоболки на граѓаните, поради огромниот раст – за околу 40 отсто – на сумата што треба да ја платат со испратените сметки за парно греење. Па така, на пример, оние домаќинства коишто во април и мај добивале сметки за парно од 1.410 денари, во август им пристигнаа сметки од 1.932 денари. Оние кои пролетта имале сметки во висина од 2.970 денари, во август добиле дури 4.380 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...