fbpx

Регистирирани нови 185 случаи на ковид-19 и пет починати лица

-

Во последните 24 часа се регистрирани 185 нови позитивни случаи на ковид-19, од направени 892 тестови, информираа од Министерството за здравство.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје – 96, потоа од Битола – 13 и Берово – 8. Останатите градови каде се регистрирани нови ковид-случаи имаат помалку од 7 новозаразени.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 55 реинфекции.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последното деноноќие оздравеле 307 пациенти, додека е пријавено едно починато лице од Скопје, на возраст од 74 години. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 4 починати лица, по едно од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид. Починатите се на возраст од 73 до 82 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат...