fbpx
Таг: Палестина

таг: Палестина

Нетанјаху не отстапува: Ќе продолжиме додека не победиме

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху останува на ставот дека примирје нема да има сè додека не се ослободени сите израелски заложници задржани од Хамас. Со својата копнена офанзива против исламистичкиот Хамас по масакрот врз Израелците во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, израелската војска го пресече Појасот Газа на два дела и сега го опколи градот Газа. „Што се однесува до...

ОН донесе уште една резолуција за конфликтот во Газа, Македонија и балканските земји воздржани

Генералното собрание на Обединетите нации во петокот минатата седмица (27.10.2023 г.) усвои резолуција за кризата во Газа, повикувајќи на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што ќе доведе до прекин на непријателствата“. Како што соопшти ОН на својата официјална веб-страница оваа резолуција „го прекинува ќор-сокакот во ОН во врска со одговорот на израелско-палестинската криза која избувна на 7 октомври, при...

Зеленски не спроведува ,,екстремистички режим на етничко чистење и геноцид”

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив  за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за...

Со дезинформации од руска кујна за војните во Украина и Израел, се оцрнува Америка

Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ја ослабне поддршката за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната на Блискиот Исток не смее да ја ослабне поддршката за Украина и ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди повеќе оружје на земјата во борбата против Русија. Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг на 75-от Нордиски совет во Осло, Норвешка, а пренесе Укринформ. „Војната во Газа...

Израел без престан бомбардира во Газа, УНИЦЕФ регистрира трауми кај палестинските деца

Откако израелските одбранбени сили им наредија на жителите на Појасот Газа во северниот дел од Појасот Газа да се евакуираат во јужниот дел на Газа, забележани се најмалку четири инстанци на бомбардирање кои биле назначени како „безбедни“ од Израел, известува Би-би-си во нивната анализа. По бомбардирањето во југот на Газа, Обединетите нации и други хуманитарни организации предупредуваат дека веќе...

Израел продолжува со нападите во Газа, спасен првиот заложник

Израелската пешадија врши напади врз милитанти и инфраструктура на Хамас во северниот дел од Појасот Газа, додека воената авијација врши воздушни напади. Понесен од првото спасување на израелски заложник што беше држан од милитантното движење, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја отфрли идејата за примирје и вети дека ќе го уништи капацитетот на Хамас за владеење во Газа или...

Телекомуникациските врски во Газа се обновуваат, Израел го засилува копнениот напад

Телефонските линии и интернет конекциите полека се враќаат во Појасот Газа по повеќе од еден ден речиси целосен прекин на комуникациите. Поврзаноста беше прекината откако Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници, пренесе Би-би-си. Дека фиксните, мобилните и интернет услугите во Газа постепено се обновуваат објави и Палестинската...

Израел бомбардира телекомуникациски мрежи во Газа, нема интернет и можности за комуникација

Најголемиот телекомуникациски сервис во Газа, Палтел, вчера соопшти дека поради бомбардирањето на Израел на клучни точки на нивната мрежа се прекинати сите конекции со надворешниот свет, известува Гардијан. Дописникот на Би-би-си во Газа, со многу тешкотии, искомуницирал со Лондон и потврдил дека навистина нема интернет и дека Палестинците не можат да комуницираат меѓусебно преку телекомуникациските мрежи. Поради сето ова, тешко се...

Израел елиминираше тројца високи оперативци на Хамас

Израелската војска соопшти дека нејзините војници и тенкови накратко влегле во северниот дел на Газа, што претставува трет израелски напад од почетокот на војната пред повеќе од две недели. Воздушните напади опустошија делови од Појасот Газа во тоа време. Во меѓувреме, висок функционер на Хамас за Асошиеjтед прес изјавил дека на палестинската милитантна група и е потребна поголема интервенција...

Западот не посакувал војна во Украина и Израел

Западните земји не гласале против „резолуција за запирање на воените дејства и напади меѓу Израел и Палестина“, како што тврди објавата, туку не ја поддржале резолуцијата на Русија за осуда на насилството и тероризмот врз цивилите, бидејќи истата не го спомнувала нападот на Хамас и убиството на 1.400 цивили во Израел. Објавата не ги согледува фактите, туку само има...

Доктор во Газа: Пеколот изгледа како чајанка во споредба со состојбата овде

На петнаесеттиот ден без струја во Газа, болниците примаат само итни случаи поради немањето доволно гориво за генератори, а Обединетите нации предупредуваат дека до крајот на денот ќе снема гориво.  Агенцијата на Обединетите нации задолжена за помагање на Палестинците предупредува дека ќе биде принудена да престане со својата хуманитарна помош утре ако Израелските одбранбени сили не дозволат да се внесе...

Протест во Скопје: Израелските напади врз Палестина го убиваат човечкото достоинство

По петочната молитва, денеска во Скопје се одржа протест за солидарност со палестинскиот народ, организиран од „Платформата за поддршка на Палестина“, составена од мрежа организации кои дејствуваат во земјата. Граѓаните со знамињата на Палестина и земјите од регионот повикаа да се запрат израелските напади врз цивилното население, а меѓународниот фактор да „не гледа сеир“, пишува „Порталб“. „Варварските напади кои ги...

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите државјани или постојани жители кои ја финансираат оваа милитантна група, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Шолц вети германска помош во египетските напори кон ослободување на заложниците на Хамас

Германскиот канцелар Олаф Шолц му ја вети германската помош на египетскиот лидер Абдел Фатах ал-Сиси во напорите да се обезбеди ослободување на израелските граѓани кои се заложници на исламистичката милитантна група Хамас, пренесува германската агенција ДПА. „Вложуваме максимални напори да го обезбедиме нивното ослободување“, рече Шолц на прес-конференција со Фатах ал-Сиси вчера во Каиро. Шолц рече дека „трогателните разговори“ со роднините...

Со старо видео лажно се тврди дека израелската армија ги евакуира борбените авиони

Видеото е снимено пред неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Нашата проверка покажа дека тоа е снимено во септември, во јужниот округ на Израел и не е поврзано со последниот напад на Хамас врз Израел, како што неточно тврди објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Израелската...

Хамас не е создаден ниту од ЦИА, ниту од Мосад

Мосад не ја креираа Хамас, со оглед на тоа што во манифестот на Хамас, стои дека нивната крајна цел е да го уништат Израел како држава. Во самиот манифест пишува дека се работи за палестинско движење, исламско, кое се стреми „да го дигне знамето на Алах врз секој инч од Палестина“ (член 6), пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Израел најавува евакуација на граѓани кои живеат на два километри од границата со Либан

Израелските сили одбранбени сили најавија дека ќе ги евакуираат сите израелски граѓани кои живеат до два километри од границата со Либан, пишува Гардијан. Станува збор за евакуација на 28 домови. Оваа најава следи по тензијата меѓу Израел и Либан предизвикана од терористичкиот напад на Хамас. По напад со ракети во Израел од либанската паравоена организација Хезболах, Израел го нападна Либан...

Нетанјаху: Израел ќе ги разбие „крвожедните чудовишта“ на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат денеска свика вонредна владина седница во Тел Авив, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство, пренесе Гардијан. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од како што рече „крвожедните чудовишта“. Говорејќи на седницата, која започна со молк за 1.300 израелски жртви кои беа убиени од...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...