fbpx

Протест во Скопје: Израелските напади врз Палестина го убиваат човечкото достоинство

Тие испратија повик до Америка, Европа и другите земји да имаат еден фер однос меѓу страните, заснован на правичен и човечки баланс

-

По петочната молитва, денеска во Скопје се одржа протест за солидарност со палестинскиот народ, организиран од „Платформата за поддршка на Палестина“, составена од мрежа организации кои дејствуваат во земјата. Граѓаните со знамињата на Палестина и земјите од регионот повикаа да се запрат израелските напади врз цивилното население, а меѓународниот фактор да „не гледа сеир“, пишува „Порталб“.

„Варварските напади кои ги чинеа живот повеќе од 3.500 луѓе, главно деца, мора да престанат што е можно поскоро. Меѓународната заедница на чело со ОН само стои и не презема никакви мерки против масакрите што се вршат врз невини луѓе. Неодлучниот однос на меѓународната заедница, која ги затвора очите пред систематските прекршувања на човековите права што долги години се случуваат врз палестинскиот народ, воопшто не го претставува ставот на совесните граѓани на Северна Македонија“, изјавија претставниците на организаторите.

Тие побараа итни мерки за што поскоро прекинување на овие напади кои, како што истакнаа, го убиваат самото човечко достоинство.

„Како заедница во регионот која доживеала бројни масакри на крајот на 20 век, сакаме да ја изразиме нашата солидарност со нашите браќа во Палестина. Палестинското прашање, иако е прашање на достоинството за целиот свет и за сите институции на глобалниот поредок и владеење, и понатаму упорно не се решава. Од земјите на регионот очекуваме што поскоро да се направат првите чекори за воспоставување на мир и благосостојба“, потенцираат организаторите.

Тие испратија повик до Америка, Европа и другите земји да имаат еден фер однос меѓу страните, заснован на правичен и човечки баланс.

Пред присутните се пееја стихови од Куранот, а протестот заврши со молитва за палестинските жртви.

Од 7 октомври, според палестинските власти, во израелските напади убиени се 4.137 луѓе, од кои 1.524 деца и 1.000 жени, а ранети се над 13.000 лица.

 

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...