fbpx

Доктор во Газа: Пеколот изгледа како чајанка во споредба со состојбата овде

На петнаесеттиот ден без струја во Газа, болниците примаат само итни случаи поради немањето доволно гориво за генератори; ОН предупредува дека до крајот на денот ќе снема гориво

-

На петнаесеттиот ден без струја во Газа, болниците примаат само итни случаи поради немањето доволно гориво за генератори, а Обединетите нации предупредуваат дека до крајот на денот ќе снема гориво. 

Агенцијата на Обединетите нации задолжена за помагање на Палестинците предупредува дека ќе биде принудена да престане со својата хуманитарна помош утре ако Израелските одбранбени сили не дозволат да се внесе гориво во Газа, известува Би-би-си. Израел има блокирано пристап до струја од 11 октомври, поради што жителите на Газа зависат од генератори за струја. Агенцијата предупредува дека до крајот на денот ќе се истрошат сите залихи од гориво. 

Израелските одбранбени сили им одговорија на ОН со сателитска слика на која тие тврдат дека се гледаат 500.000 литри гориво што Хамас ги крие и дополни: „прашајте ги Хамас дали можат да ви дадат гориво“.

Како последица на немањето струја, болниците во Газа примаат само итни случаи. Дополнително, струја е потребна за готвење, како и за пренесување и филтрирање на вода. 

„Замислете болница со 5.000 до 15.000 цивилни бегалци, преполна со пациенти на кои им е потребна хируршка нега, а светлата се гасат и палат. Мислам дека можете да замислите колку е тешко тоа“, рече Мадс Гилберт, норвешки доктор кој работи во Палестина.

Гилберт раскажал и за видео кое го видел во кое доктор клечи пред болница откако дознал дека целото негово семејство било убиено. Тој ги истакнува тешките услови во кои работат лекарите во Газа, постојано справувајќи се со стравот за безбедноста на своите семејства.

Тој вели дека нивото на стрес предизвикува бремени жени да се породат предвреме. Дополнително, немањето доволно пристап до чиста вода и храна овозможува полесно ширење на болести.

Повикувајќи се на познатата италијанска поема за пеколот, Гилберт вели дека во споредба со сегашната состојба во Газа, Пеколот на Данте Алигери изгледа како „чајанка“.

Преку Египет влегле осум камиони со храна, вода и медицинска опрема, но од хуманитарните агенции велат дека се потребни најмалку сто камиони дневно.

Според Министерството за здравство во Газа, 80 луѓе биле убиени претходната вечер од воздушните напади на Израел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...