fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

СДСМ: Груевски нека го повика Иванов да ги поништи сите одлуки за помилување

Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и на законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое владејачката партија предлага сите партии да испратат писмо до Иванов со барање да ја преиспита одлуката за помилувањето. Од опозицијата велат дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи четирите најголеми политички партии до претседателот Ѓорге Иванов да испратат писмо во кое ќе побараат тој да ја преиспита одлуката за помилување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Иванов не е во согласност со заложбите на нивната партија. „Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од овие причини, ние денеска ќе предложиме...

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 лица за кои се водат кривични постапки. Според Суомалаинен, на судството и на...

СДСМ: Иванов дрско ја лаже јавноста

„Претседателот Ѓорге Иванов нека ја објави снимката од состанокот на Советот за безбедност, одржан на 10 мај минатата година, веднаш по настаните во Куманово. Тaа е уште еден доказ за лагите на Иванов“, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот во денешното телевизиско интервју. Од СДСМ велат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, немал друг разговор со Иванов,...

Ристовска: Од каде му се на Иванов доверливите податоци и имиња од предистражните постапки

Специјалното јавно обвинителство ја анализира одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција и води истрага која треба да покаже од каде тој располагал со податоците и со имињата на лица за кои се води предистражна постапка, која според законот е тајна, изјави на денешната прес-конференција, обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска. - Ние потврдуваме дека претседателот Иванов нас не...

Интервју на Иванов во 15 часот: Ќе одговара на прашања за аболицијата

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 15 часот ќе има интервју со главните и одговорни уредници на десетте телевизии со национална концесија, соопштија од кабинетот на Иванов. Претставниците на медиумите, како што стои во соопштението, ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со одлуката на претседателот за аболиција на сите политичари и нивни соработници против кои се водат...

Бедредин Ибраими од ДИК го одби помилувањето на Иванов

Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија од ДПА, денеска на прес-конференција рече дека нема никаква причина претседателот Ѓорге Иванов да го помилува за дело за кое никој не го гони. - Против мене СДСМ како партија поднесе кривична пријава за мојата одлука да гласам за поништување на гласањето на три избирачки места во општина Струмица на локалните избори. Бев...

Стејт департмент: Загрижени сме од одлуката на Иванов за помилување на функционерите

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува лицата што се предмет на истрага за скандалот со прислушуваните разговори, пишува во реакцијата на американскиот Стејт департмент. „Ако се спроведе, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционерите и ќе ги лиши граѓаните на Македонија од правдата. Таа, исто така, уште повеќе ќе го поткопа владеењето на...

Демонстрантите фрлија димна бомба пред народната канцеларија на Иванов

Групата демонстранти пристигна пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот и канонада од јајца завршија врз стаклата на објектот. Демонстрантите фрлија и димна бомба која не предизвика никаква материјална штета. Кон канцеларијата, граѓаните фрлаа и камења. Полицијата не дозволува демонстрантите да се доближат до објектот. Неколку стотици граѓани втор ден протестираат против одлуката на претседателот да ги помилува политичарите за кои...

Битолчани на протест против аболирањето на градоначалникот Талески

Неколку илјади битолчани во моментов се пред вратите на локалната власт на протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го аболира градоначалникот Владимир Талески. На чело на демонстрантите стои битолската опозиција, која пред кратко време се обиде покрај полициското обезбедување да влезе во општинската зграда. Благојче Котевски, советник од опозицијата, вели дека се собрале со голем револт против одлуката на Иванов да...

Јанева најави прес-конференција за утре во 13.30 часот

Специјалното јавно обвинителство утре, во 13.30 часот, ќе одржи прес-конференција, соопштија денеска од СЈО. Во дописот од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конфренецијата, но извесно е дека ќе стане збор за актуелните случувања во земјава, во кои една од најзасегнатите страни е СЈО. Специјалното јавно обвинителство  прес-конференцијата на својот твитер-профил ја...

Вељаноски: Не постои уставна можност да се свика Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку соопштение информираше дека добил иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за поведување постапка за утврдување на одговорноста на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Вељаноски рече дека со Уставот не постои можност за повторно свикување на Собранието. „Во консултација со стручната служба на Собранието, а во согласност со едногласната одлука на Уставниот...

Црвенковски: Иванов итно да го избрише моето име и презиме од срамната одлука

Поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, му испрати писмо на претседателот Ѓорге Иванов. Во писмото, Црвенковски бара Иванов итно да ја повлече одлуката за аболирање на која се наоѓа и името на поранешниот претседател. Во писмото Црвенковски вели дека ако работите зависеле од него, со тие како претседателот Иванов ниту нешто ќе се преговарало ниту, пак, од нив нешто...

Помилувањата за Груевски, Мијалков, Црвенковски, Јанкулоска и за други, објавени во „Службен весник“

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари експресно е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на лицата помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана...

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина час пред тие да пристигнат во неговата вила. Според „Дојче веле“, нивното присуство требало да биде...

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во согласност со Уставот на Република Македонија и со деловникот за работа на Собранието, одржување вонредна...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски. „До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот...

Бејли: Помилувањето ги штити корумпираните политичари

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на својот твитер-профил, за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија, рече дека е процес кој ги штити корумпираните политичари. Тој напиша: „Општо помилување без судски процес ги штити корумпираните политичари и нивните соработници. Да им дозволиме на Специјалното јавно обвинителство и...

Мирно заврши протестот пред ВМРО-ДПМНЕ

Мирно заврши протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичарите, кој се одржа пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Последната група од неколку десетина демонстранти, триесетина минути пред полноќ се повлече пред полицискиот кордон. На местото сè уште се присутни полициските специјалци. Протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел помина мирно, освен неколкупати кога дојде...

СЈО: Да ја видиме одлуката на Иванов, па ќе се изјасниме

Специјалното јавно обвинителство чека да ја добие интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на политичарите против кои се водат правосудни постапки, по што ќе излезат со официјален став, велат за „Мета“ од СЈО. Како што ни рече портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, за да не бидат извадени од контекст, во овој момент...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...