fbpx

Битолчани на протест против аболирањето на градоначалникот Талески

-

Неколку илјади битолчани во моментов се пред вратите на локалната власт на протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го аболира градоначалникот Владимир Талески.

На чело на демонстрантите стои битолската опозиција, која пред кратко време се обиде покрај полициското обезбедување да влезе во општинската зграда.

Благојче Котевски, советник од опозицијата, вели дека се собрале со голем револт против одлуката на Иванов да аболира убијци од редовите на власта, соучесници во убиства, во фалсификување на избори, криминалци.

– Хорхе Први Паљурски нема право да аболира криминалци за украдени пет милијарди евра. Меѓу аболираните е и градоначалникот Талески, кој 12 години ја тероризира Битола. Поради неговите погубни политики, 30.000 млади си заминаа од градот. Тој човек е под истрага на СЈО и никој нема право да му ја подарува слободата. Талески ќе мора да одговара за целиот криминал што го направил – вели  Котевски.

Зградата на Општината ја обезбедуваат околу десетина полицајци, а демонстрантите цело време извикуваат „Правда“ и „Доста е“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...