fbpx

Анкета: Kорупцијата, ниските приходи и криминалот се најголеми проблеми за граѓаните

На прашањето дали очекуваат подобра иднина за своите деца доколку тие останат да живеат во Македонија, 57,6 отсто од граѓаните рекле оти сметаат дека нивниот живот би бил полош во иднина, покажува истражувањето направено по нарачка на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“

-

Корупцијата, ниските приходи и криминалот се трите најголеми проблеми со коишто се соочува Македонија според граѓаните, вели новото истражување „Перцепции за најголемите проблеми на граѓаните и државата“ спроведено агенцијата Проспект М по нарачка на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, чии наоди беа презентирани денеска.

Од испитаните, 18 отсо се изјасниле дека корупцијата е клучен проблем, 15,5 отсто рекле дека тоа се ниските приходи, а 14,5 отсто криминалот. Понатаму, на листата на проблеми следуваат: политичката нестабилност со 11,1 отсто; сиромаштијата со 10,3 отсто; невработеноста со 6,9 отсто; здравствената заштита со 6,4 отсто; партизацијата со 5,7 отсто.

Загрижувачки 68,3 отсто од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока. Само 11 отсто сметаат дека се движи во правилна насока, 17,5 отсто одговориле дека стагнира и 3,2 отсто не знаеле да одговорат.

На прашањето дали очекуваат подобра иднина за своите деца доколку тие останат да живеат во Македонија, 57,6 отсто од граѓаните рекле оти сметаат дека нивниот живот би бил полош во иднина, а 22,9 отсто очекуваат да остане со ист квалитет. Само 16,9 од испитаниците имале оптимистички став на ова прашање.

„Таквата перцепција на луѓето за општата состојба во државата и иднината што ги очекува е резултат од комбинација на два фактори: објективното потфрлање на власта да ги адресира и решава најгорливите проблеми на граѓаните, но и дополнителното ‘долевање масло на огнот’ од страна на хибридните напади што се случуваат кон македонските граѓани како таргет, а спроведени главно преку социјалните медиуми од страна на ентитети кои сакаат да ѝ наштетат на државата. Тоа уште повеќе го зголемува чувството на бесперспективност и неверување дека нештата ќе се подобрат“, рече на денешната панел-дискусија Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, коментираше дека граѓаните ја препознаваат високата корупција во облик на јавни набавки, големи тендери и сл., но потешко им е истата да ја препознаат на пониско ниво, односно во „врските“ или митото, во малите износи коишто сме навикнале да ги даваме за да добиеме некоја услуга во јавниот сектор.

„Како и да е, ситуацијата генерално е лоша, можеби најлоши резултати за перцепцијата на граѓаните за проблемите во општеството досега, ако се спореди со анкети што и ние во МЦМС ги правиме веќе со години. Мислам дека главните проблеми потекнуваат од самите перформанси на институциите, а мошне интересен наод во анкетата е оној дека граѓаните во поголем дел не би ѝ дале повторно доверба на актуелната владејачка гарнитура на претстојните избори, но исто така не веруваат ниту дека опозицијата ако дојде на власт ќе ги реши нивните најголеми проблеми“, рече Кржаловски.

Државните органи имаат исклучително ниска стапка на целосна доверба. Најлошо е рангиран парламентот, кому целосно му веруваат само 1,9 отсто од граѓаните. Само 3,2 отсто веруваат целосно на правосудството, а во Владата и политичките партии целосно веруваат само 4,6 и 1,8 отсто од граѓаните, соодветно.

Анкетата беше изработена во периодот од 09.01 до 21.01.2024 на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани, со маргина на грешка 3,1% и со ниво на доверба од 95%. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...